Свет
Заклетвата на Чавез може да биде одложена, опозицијата бара почитување на уставот
Полагањето заклетва на венецуелскиот претседател Уго Чавез за новиот шестгодишен мандат закажана за 10-ти јануари може да биде одложена, доколку дотогаш не се опорави од операцијата, изјави во петокот потпретседателот Николас Мадуро
Венецуелскиот претседател Уго Чавез може да ја положи свечената заклетва и подоцна пред уставниот суд, соопшти неговиот потпретседател Николас Мадуро, во интервјуто за државната телевизија. Иако неговата здравствена состојба е сериозна, нема причина да се прогласи негова трајна спреченост за извршување на должноста.
Според венецуелскиот устав, трајната неспособност за извршување на должност би требало да предизвика претседателски избори во рок од 30 дена.
„Уго Чавез кој е избран за претседател на државата, останува на должност и новиот мандат започнува на 10-ти јануари. Формалноста за полагање на заклетвата може да биде извршено дополнително пред уставниот суд“, изјави во петокот навечер Мадуро.
Според аналитичарите, оваа изјава на потпретседателот Мадуро досега е најјасниот знак дека венецуелската администрација има намера да ја одложи церемонијата на полагање претседателска заклетва и така да го избегне прогласувањето на Чавез трајно неспособен и да распише нови избори.
Лидерот на главната опозициска коалиција во Венецуела, Рамон Гиљермо Авеледо, претходно во петокот побара почитување на уставот доколку претседателот Уго Чавез на 10-ти јануари не биде во можност да ја положи заклетвата, а според него тоа значи нови претседателски избори.
Во разговор за венецуелскиот весник Noticias24, извршниот секретар на Центарот на демократското единство (MUD) прецизираше дека неговата организација ќе реагира доколку владата се обиде вештачки да го продолжи мандатот на претседателот, кој подолго од три седмици е хоспитализиран по четвртата операција од рецидив на карцином на Куба. “Уставот не е пластелин за да се обликува кој како што сака“, рече Абеледо.
Мадуро во репликата на оваа изјава на лидерот на опозицијата нагласи дека Чавез победи на претседателските избори на 7-ми октомври. „Тоа е волја на народот. Тој е претседател. Почитувајте ја демократијата“, рече Мадуро.
Чавез беше последен пат опериран на 11-ти декември поради рецидив на рак во стомачната празнина. Поради компликациите по операцијата со дишните патишта, неговото здравје се влоши. За четири дена и официјално истекува неговиот претходен претседателски мандата и според уставот треба да положи заклетва за отпочнување на новиот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Свет
Лидерот на Северна Кореја ја надгледуваше воената вежба: се симулираше нуклеарен контранапад
Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби кои симулираа нуклеарен контранапад, објави државната новинска агенција на земјата KCNA, како и други државни медиуми.
Врховниот водач Ким Џонг-ун ја надгледуваше вежбата која беше дел од тестот на системот за управување со нуклеарно оружје на нацијата.
Покрај тоа што севернокорејското раководство сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа беше, според КЦНА, протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.
Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучуваа маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен контранапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза.
Во таа прилика беа истрелани неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.
Свет
Британија усвои нов закон, ќе испраќа мигранти во Руанда, реагираа претставниците на ОН
Двајца високи функционери на Обединетите нации денеска ја повикаа Британија да го разгледа својот план за префрлање на барателите на азил во Руанда, предупредувајќи дека потегот ќе има штетно влијание врз човековите права и заштитата на бегалците.
Во заедничката изјава, Филипо Гранди, Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Волкер Турк, Високиот комесаријат за човекови права на ОН, ја повикаа ОК наместо тоа, да преземе практична акција за справување со нерегуларните текови на мигранти и бегалци.
„Новиот закон означува уште еден чекор подалеку од долгата традиција на Обединетото Кралство за обезбедување засолниште за оние на кои им е потребно, што исто така ја прекршува Конвенцијата за бегалци“, рече Гранди.
Британскиот парламент вчера усвои закон со кој се дозволува илегалните мигранти да се испраќаат во Руанда каде ќе се разгледуваат нивните барања за азил. Британскиот премиер Риши Сунак вчера вети дека ќе почне да испраќа баратели на азил во Руанда во рок од 10 до 12 недели. Сунак објави дека владата резервирала комерцијални чартер авиони и обучила персонал да испраќа мигранти во Руанда.
Десетици илјади мигранти, од кои многумина бегаат од војните и сиромаштијата во Африка, Блискиот Исток и Азија, стигнаа до Велика Британија во последниве години поминувајќи го Ла Манш со мали чамци на ризични патувања организирани од шверцери.
Запирањето на протокот на мигранти е приоритет за британската влада, но критичарите велат дека планот за депортирање на луѓе во Руанда наместо да се работи со барателите на азил во Британија е нехумано.
Според политиката формулирана пред две години и договорена со Руанда, секој барател на азил кој ќе пристигне во Британија илегално ќе биде испратен во Руанда според шемата за која владата вели дека ќе го спречи преминувањето на каналот и ќе ја разбие сегашната шема на шверц на луѓе. Ова ќе важи и за оние кои поднеле барање за азил во Велика Британија и никогаш досега не стапнале на африканскиот континент.