Свет
Хакерите од Anonymous ја нападнаа американската влада
Хакерската група Anonymous објави дека во саботата ја нападнала мрежната страница на Комисијата за пресуди на американската влада за да се одмазди за смртта на Аарон Шварц, информатичкиот гениј и поборник за слободното користење на интернетот кои изврши самоубиство кон средината на јануари
Во видеоснимката објавена на YouTube, хакерската група вети дека ќе ги објави владините податоци собрани на страницата на Комисијата за пресуди, независна агенција на американското министерство за правдаа којашто ги преиспитува пресудите, во која очигледно е провалено во саботата наутро.
Претставници на Anonymous се заканија ќе ги објават клучевите за шифрирање на актите, што би можело да им зададе тешкотии на судиите и другите вработени во сојузната американска управа, велејќи дека нападот претставува протест против неправедното постапување на министерството за правда кон Аарон Шварц.
Аарон Шварц, информатичкиот гениј кој имаше само 14 години кога учествуваше во развојот на форматот RSS и кој беше соосоновач на социјалната мрежа Reddit, се обеси кон средината на јануари во својот дом во Њујорк, на 26-годишна возраст.
За преснимувањето на повеќе милиони книжевни и научни податоци од информатичка архива достапна само за претплата (JSTOR) со помош на компјутер сокриен во плакарот на реномираниот истражувачки универзитет во Масачусетс (MIT), Шварц можеше да добие 34 години затвор и глоба од милион долари.
Anonymous во своето видео го осудуваат „вклучувањето на FBI“ и „претераниот прогон“ на правосудните тела што ја предизвикало трагедијата на Аарон Шварц и други активисти. Информатичките пирати додаваат дека влегле во повеќе информатички мрежи на американската влада и преснимиле тајни податоци кои може да ги објават.
Споредувајќи ги податоците со нуклеарно оружје, од Anonymous истакнуваат дека се снабдиле со „доволно нуклеарна опрема за изработување оружје со повеќе боеви глави“. Тврдат дека се способни да го нападната американското министерство за правосудство и владините агенции коишто ја загрозуваат слободата на поединците.
Американското Федерални истражно биро (FBI) во своето соопштение покрена криминалистичка истрага за овој напада за кој дознал непосредно по неговото извршување.
Хакерската група ја призна одговорноста за информатичките напади низ целиот свет, како и врз банкарските мрежни страници на MasterCard и Visа, врз американското министерство за правосудство, како и врз интернет ресурсите на владите на Тунис и Јемен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.