Свет
Бројот на жртвите во ноќниот клуб во Бразил се искачи на 245
Најмалку 245 лица починаа во пожарот во ноќниот клуб во Санта Марија, град на југот од Бразил, објави во неделата локалната полиција.
„Вкупно 245 лица починаа, а 48 се хоспитализирани“, изјави регионалниот началник на полицијата, Клеберсон Бастианељо, пренесува AFP.
Весникот List Estadao de S. Paulo на својата интернет страница објави дека пожарот избувнал за време на пиротехничка претстава што била дел од настапон на музичка група во ноќниот клуб „Кис“. Се запалиле материјалите за акустична изолација, по што меѓу посетителите избувнала паника.
Според весникот, во клубот во тој момент имало меѓу илјада и две илјади посетители. Според локалните пожарникари, повеќето жртви настрадале од вдишување на отровниот чад. Полицискиот мајор Фереира де Роса Герсон кој претходно соопшти за 220 жртви од пожарот, изјави за Associated Press дека се идентификувани телата на 180 посетители, а стотици лица се здобиле со различни степени на повреди во пожарот и стампедото.
Според една од верзиите во клубот имало повеќе од две илјади луѓе, но во неа се потврдува дека причина за пожарот било неправилно ракување со пиротехниката. Очевидци изјавиле дека музичарите за време на настапот запалиле петарда, што најверојатно го предизвикало пожарот.
Санта Марија е град во најјужната бразилска сојузна држава Рио Гранде до Сулу ома околу 260 илјади жители. Бразилската претседателка Дилма Русеф ја откажа посетата на Чиле и се упати на местото на трагедијата каде што во Сантјаго сема учество на самитот на претставниците на 27-те земји членки на Европската унија и Заедницата на земјите од Латинска Америка и Карибите (CELAC)./крја/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.