Свет
Глобал тајмс: Британија не е повеќе „голема сила“

Британија би требало да признае дека повеќе не е „голема сила“, туку „само стара европска земја погодна за патување и студирање“, објави кинескиот државен дневен весник „Глобал тајмс“ во пресрет на официјалната посета на британскиот премиер Дејвид Камерон на Пекинг.
„Кина нема да падне на ‘искреноста’ на Камерон. Официјален Пекинг го изрази своето незадоволство и остро реагираше на минатогодишната средба на Камерон со тибетанскиот духовен водач Далај Лама, кој Пекинг го смета за сепаратист, а оваа средба резултираше со заладување на односите меѓу Британија и Кина.
Британскиот премиер во понеделникот пристигна во тридневна посета на Пекинг, каде оствари средба со својот кинески колега Ли Кечијанг и со кого потпиша повеќе договори за тровска соработка, а на средбата се сретнал и со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Камерон за време на посетата не посветил големо внимание на прашањето за човековите права но „Глобал тајмс“ наведува дека оваа посета „тешко дека ќе може да го означи крајот на несогласувањата меѓу Кина и Британија“.
„Кинеската влада секако дека ќе биде љубезна кон Камерон, но јавноста не го заборава неговиот став за одделни прашања“, истакнува авторот на текстот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин: Не престануваат обидите за ревизија на историјата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обидите за искривување на историските вистини не престанале и кон нив се приклучиле не само наследниците на нацистичките соучесници, туку и некои реномирани меѓународни институции и европски структури.
Како пример, Путин ја наведе недамнешната резолуција на Европскиот парламент, која, како што рече, ги става нацистичките агресори и Советскиот сојуз на исто ниво, пренесува ТАСС.
„Оние кои се обидуваат да се спротивстават на ваквата неоснована лага се обвинети за информативна војна против демократска Европа. Тоа е цитат“, рече Путин на состанокот по повод одбележувањето на 75-годишнината од победата во Втората светска војна.
Пред два и пол месеци, Европскиот парламент усвои резолуција во која се наведува дека договорот за ненапаѓање меѓу нацистичка Германија и СССР „го отворил патот за избувнување на Втората светска војна“.
Свет
Порасна бројот на настрадани од ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд

Полицијата во Нов Зеланд соопшти денеска дека уште две лица починале од повреди здобиени во ерупцијата на вулканот на Белиот Остров оваа недела, со што бројот на загинати достигна осум.
Деветмина се водат за исчезнати, а полицијата ги идентификува како седум туристи од Австралија и два туристички водичи од Нов Зеланд.
Уште 28 лица се хоспирализирани, од кои 23 се здобиле со изгореници опасни по живот.
Вулканот избувна во понеделникот попладнето, додека туристите биле во посета на островот.
Регион
Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во Братислава. Тие се обвинети за соучесништво во убиство.
Третиот напаѓач е македонски државјанин. Како што пишува „Блиц“, тој бил уапсен во Словачка. Сепак, од словачката полиција информираат дека врз македонскиот државјанин сè уште не е покренато обвинение.
Уапсените Срби се на возраст од 21 и 26 години и доколку се докаже вината, ги очекува казна затвор од седум до десет години.
Во неделата околу 5 часот утрото полицијата во Братислава добила повика дека пред Главната пошта во центарот на градот лежи млад човек без знаци на живот. Итната помош стигнала на лице место и констатирала смрт.
Полицијата објави видеоснимка од надзорните камери на која се гледаат напаѓачите и ги замоли граѓаните да се јават доколку препознаат некој од нив. Нивните фотографии го обиколија регионот, по што следеа апсењата, пишува „Блиц“.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми