Свет
Снег во Каиро по повеќе од 100 години
Снежната бура којашто го зафати Блискиот исток донесе снег и во главниот град на Египет, Каиро по повеќе од 112 години.
Оваа временска појава е исклучително ретка во овој дел од светот, но циклонот на ладен бран којшто го зафати Блискиот исток ќе потрае уште неколку дена, тврдат локалните метеоролози.
Снегот го зафати и Синајскиот полуостров каде се очекува рекорден пат на температурите. Жителите на Египет кои не се навикнати на вакви услови ги преплавија социјалните мрежи со фотографии од снегот, а најмладите прв пат уживале во зимските радости.
Ладниот бран создаде големи проблеми во Израел каде голем број жители останаа без струја, а израелската војска и полицијата ги спасуваа илјадниците граѓани кои биле заробени во возилата.
Во некои делови од Израел паднал скоро еден метар снег./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.