Свет
Ричард Фалк го обвини Израел за геноцид врз палестинците
Специјалниот известувач за човекови права во Советот на Обединетите нации, Ричард Фалк, го обвини Израел за „геноцидни“ намери против Палестинците, поради што Канада побарала да биде отпуштен од функцијата.
„Канада претходно повика Фалк да биде обвинет за многубројни нечуени антисемитски изјави. Тој ваквите коментари уште еднаш ги истакнува од неговата позиција како специјален известувач на ОН, а тие се тотален апсурд“, истакнал шефот на канадската дипломатија, Џон Бард, во соопштение што го пренесоа израелските медиуми.
Тој уште еднаш упатил повик до Советот за човекови права да го смени Фалк од неговата моментална позиција во ОН.
„Ваквите изјави ги поткопуваат фундаменталните вредности на ОН“, рекол канадскиот министер за надворешни работи.
Фалк во една изјава за руска телевизија на програма на англиски јазик неколку секунди говорел дека Израел, а не Иран, е тој што има опасна нуклеарна програма, истакнуваат израелските медиуми.
Фалк, исто така, во еден свој коментар истакнал дека Израел полека се стреми кон палестински холокауст.
„Кога целите на група, етничка група, или наметнувате такви видови на казни, вие всушност поттикнувате еден вид на злобна намера која едноставно е геноцид“, рекол Фалк.
Оваа негова изјава ја коментирал и портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Југал Палмор.
„Тој човек веќе се обележа себе си како радикална верзија на екстремизам. Тој човек е познат по својот долгогодишен расизам, вербално насилство и опсесивно потценување на Израел и на другите и затоа беше мета на критики без преседан на мнозинството во ОН, вклучувајќи го тука и генералниот секретар“, рекол Палмор.
Фалк, американски Евреин, е професор по меѓународно право во Принстон, од 2008 година е поставен на позицијата специјален известувач за ситуацијата со човековите права на палестинска територија. Тој и пред тоа предупредувал на можен палестински холокауст. Исто така пишувал за можна американска вмешаност во терористичкиот напад од 11 септември 2001 година.
По ваквите изјави невладината организација во Женева, „UN Watch“, која ја надгледува активноста на ова светско тело, побарала Фалк да биде отпуштен. Меѓутоа, тој може да биде отпуштен само врз основа на гласање во Советот за човекови права во ОН./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.