Свет
Јанукович: Западот е организаторот на протестите во Киев

Разрешениот претседател на Украина, Виктор Јанукович, во своето обраќање пред новинари од југот на Русија, го обвини Западот дека бил коодинатор на опозицијата во Украина и истакна дека бил приморан да ја напушти земјата поради опасноста по неговиот, но и животот на неговото семејство и роднини.
„Терор, хаос и безвластие се резултатот од протестот во Киев”, рече Јанукович и додаде дека сега власта во Украина е во рацете на националистичко и профашистичко малцинство.
Според него, новоформираниот парламент е нелегитимен.
Јанукович истакнал дека му е жал и дека се срами што не успеал да го спречи хаосот во Украина. На новинарско прашање што мисли за случувањата на Крим, Јанукович изјавил дека смета оти Крим треба да остане во составот на Украина.
Присутните новинари во салата го прашаа дали остварил средба со рускиот претседател, Владимир Путин, на што тој истакнал дека немал средба со него, но дека разговарале телефонски, додавајќи дека е изненаден поради тоа што Путин сé уште молчи за случувањата во Украина.
Со самото појавување на прес-конференцијата во Ростов на Дон, официјално се потврди дека Јанукович се наоѓа во Русија.
Во петокот главното обвинителство на Украина соопшти дека бара од Русија да и’ го екстрадира Јанукович доколку се потврди дека тој е на територијата на оваа земја.
„Нема да барам воена помош од Русија. Ќе се вратам во Украина кога јас и мојата фамилија ќе се чувствуваме безбедно”, изјави разрешениот претседател.
Исто така, тој нагласи дека полицијата, како и специјалната единица Беркут, не ги нападнала демонстрантите, туку дека само делувала во самоодбрана.
„Ниту една власт не е вредна за пролевање на крв. Никогаш не дадов наредба полицијата да пука”, нагласи Јанукович.
За време на конференцијата, Јанукович неколкупати повтори дека тој се уште е легитимен претседател на Украина, а изјави и дека не поседува сметки и имот во странство.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој кажа дека нема да учествува на претседателските избори кои ќе бидат одржани во Украина во мај и оцени дека тие избори се „незаконски”./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Турција е прогласена седумдневна жалост

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи седумдневна жалост поради катастрофалниот земјотрес кај Газиантеп, јави Анадолија.
Генералното собрание на Обединетите нации,пак, со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите од разорниот земјотрес во Турција и Сирија.
Серијата разорни земјотреси што денеска ја погодија Турција не претставуваа закана за нуклеарните капацитети во земјата, вклучувајќи ја и нуклеарната централа Акују, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
„Досега нема влијание на земјотресот врз нуклеарната безбедност во Турција. Турското нуклеарно регулаторно тело ја информираше МААЕ дека во моментов нема никакви прашања што претставуваат закана за радиолошката безбедност“- објави МААЕ на Твитер.
Се стравува дека загинале околу десет илјади луѓе по двата катастрофални земјотреси кои опустошија делови од Турција и Сирија.
Со оглед на тоа што температурите ќе се спуштат до речиси нула во текот на ноќта, спасувачите сега се во очајна трка со времето за да стигнат до десетици преживеани заробени под урнати згради и во опасност од смрзнување до смрт пред да пристигне помошта, пишува Дејли мејл.
Европа
Голем број луѓе се уште се затрупани под урнатините на југот од Турција

Разорен земјотрес го погоди југот на Турција, а потоа следеа серија нови земјотреси. Епицентарот бил во провинцијата Кахраманмарас, која се наоѓа на југоисток, долж границата со Сирија.
Катастрофално беше низ целата земја, многу градови се во урнатини. Училиштата во 10 градови и провинции беа затворени, а летовите до погодените области беа прекинати.
Најлошо поминаа Газиантеп и Искендерум, каде што беа зачувани малку згради. Сликите од тресењето на земјата во Газиантеп го обиколија светот, а покрај станбените згради, земјотресот целосно ја уништи најголемата туристичка атракција во градот – замокот стар над 2000 години, од кој останаа само бедемите.
А еве што порачаа граѓаните на Турција:
– се уште има луѓе заробени под урнатините. Имам пријател кој живее во овој стан, неговите деца беа спасени од горниот кат, но неговата ќерка ја скрши раката.
– Спиев кога жена ми одеднаш ме разбуди. Земјотресот беше многу силен, многу страшен. Слушнавме звуци од сите страни. Тресењето на земјата траело повеќе од две минути.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган истакна дека се надева оти ситуацијата ќе се смири, како и дека партнерите од НАТО, ЕУ и другите земји се солидаризираат со Турција.
– Не знаеме до кога ќе се зголемува бројот на загинати и повредени, бидејќи продолжува отстранувањето на урнатините од многу згради во зоната на земјотресот. Се надеваме дека ќе се опоравиме од оваа катастрофа со најмала можна загуба на животи. Добивме неколку повици за меѓународна помош за нашата земја. Добивме понуда за помош од 45 земји, меѓу кои НАТО и Европската унија – рече Ердоган.
Портпаролот на Комисијата на ЕУ, Балаж Ујвари изјави дека се мобилизирани тимови од различни земји да и помогнат на Турција.
– Мобилизиравме повеќе од 10 тимови од земјите членки да и помогнат на Турција во потрагата и спасувањето. Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Франција, Грција, Холандија, Полска и Романија им дадоа поддршка на првите одговорни на теренот, а Унгарија, Италија, Шпанија, Малта и Словачка исто така понудија помош. Со исклучок на Турција, драматично беше и на северот на Сирија во регионите на Алепо и Латакија, а тресењето на земјата се почувствува и во делови од Грузија, Ерменија и Кипар.
Регион
Радев се гордее со Пендиков кој излезе од болница: Успеа да го одбрани своето бугарско име и покрај насилството

„Му честитам на Христијан Пендиков за храброста да го одбрани своето бугарско име и покрај провокациите, заканите и насилството. Бугарија нема да толерира насилство врз Бугарите во Република Северна Македонија и нејзините граѓани и ќе ги користи сите национални и меѓународни инструменти за заштита на нивните права. Нашите меѓународни партнери беа информирани и за уште една антибугарска кампања во РСМ која ескалира последните денови“ се вели меѓудругото во објавата на Фејсбук на бугарскиот претседател Румен Радев.
Радев наведува дека „ставот на РСМ за злосторствата од омраза врз македонските Бугари е клучен не само за билатералните односи, туку и за европската перспектива на земјата. Институциите во РСМ мора со дела да докажат дека не се сочувствуваат со омразата која со децении се всадува кон Бугарија, која резултираше со палење и пукање во културни клубови и насилство врз македонските Бугари и бугарските граѓани, при што сторителите беа откриени и ефективно казнети. Бугарија ќе ги следи активностите на институциите во ПКМ за да се обезбеди животот и здравјето на своите граѓани, кои и покрај системската репресија продолжуваат да го тврдат својот бугарски национален идентитет“.
„Вклучувањето на Бугарите во уставот на ССМ е залог на нејзината европска перспектива, како и вистински ангажман на институциите во искоренувањето на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите и спроведувањето на билатералниот договор за добрососедство“ стои во објавата.
Денеска Пендиков е пуштен на домашно лекување, а додека престојуваше во софиската болница, тој поднесе документи за бугарско државјанство, покрај македонското.