Свет
МВР и лекарите кријат дека Џамбазова била мортус пијана
Министерството за внатрешни работи не открива ништо за сообраќајката што во неделата наутро ја предизвикала водителката Искра Џамбазова, а во Градската болница, резултатите од нејзиниот алко- и наркотест биле прогласени за тајна.
Министерството за внатрешни работи не открива ништо за сообраќајката што во неделата наутро ја предизвикала водителката Искра Џамбазова, а во Градската болница, резултатите од нејзиниот алко- и наркотест биле прогласени за тајна.
– Се уште работиме на случајот – кратко изјави Борче Пешевски, портпарол на МВР.
Божин Ефтимов, директор на Градската болница, каде што Џамбазова била однесена на тестирање за присуство на алкохол и дрога во крвта, вчера цел ден беше недостапен.
Од извори во болницата „Време“ дознава дека на вчерашниот утрински колегиум било одлучено да не се кажуваат јавно резултатите од алко- и наркотестовите на Искра Џамбазова.
– Тоа се случувало и порано кога требало нешто да се скрие од јавноста – вели лекар што присуствувал на колегиумот.
Ниту момчето што било повредено во сообраќајката нема информација дали и колку промили алкохол биле најдени кај Џамбазова.
– Полицијата ништо не ме извести. Ќе видам како ќе се одвиваат работите, па потоа ќе одлучам дали ќе поднесам приватна тужба против неа – вели повредениот.
Познатата водителка Искра со својот џип „сузуки“ удрила во дваесет и четиригодишно момче, според кажувањата на очевидци, на пешачкиот премин пред влезот во Градскиот трговски центар. Таа по сообраќајката избегала.
– Беше околу 1.30 часот кога преоѓавме на пешачкиот премин. Наеднаш на нас со огромна брзина налета џип „сузуки“. Удри во еден наш другар и веднаш потоа избега кон Собранието. Не знаевме дека зад воланот е Искра Џамбазова. Другарот веднаш го однесовме во Градската болница. Лекарите утврдија повреда на рамото и набиени ребра – вели еден од другарите на повредениот.
Џамбазова била најдена кратко време потоа, кога случајно момчињата го виделе нејзиниот џип паркиран пред кафулето „Мода“. Биле повикани полицајци, кои кога дошле по неа во локалот, таа почнала да ги навредува. Очевидци велат дека Џамбазова била мортус пијана, но засега останува мистерија дали била и под дејство на опојни дроги.А.Б.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Инцидент во Словенија: член на паравоена група се обидел да му даде пиштол на премиерот Голоб
Попладнево, полицијата интервенираше пред зградата на словенечката влада во Љубљана, кога припадник на т.н. Штаерската гарда, паравоена група и самопрогласена милиција, се обиде лично да му предаде нелегален пиштол на премиерот на Словенија, Роберт Голоб.
Инцидентот се случи еден ден откако Голоб објави закон што ќе овозможи доброволно предавање на нелегално оружје без последици, јавува агенцијата СТА.
Канцеларијата на премиерот одби да коментира за инцидентот, истакнувајќи дека очекува полицијата да постапи во согласност со законот.
Јавноста првпат дозна за Штаерската гарда во 2018 година, кога на Интернет беше објавено видео на кое се гледа група од неколку стотици маскирани мажи во воена опрема, некои од нив со секири и автоматски пушки, наредени во шума. Подоцна рекоа дека станува збор за воздушни пиштоли.
Видеото предизвика загриженост за паравоената природа на групата и нејзиното потенцијално влијание врз јавниот ред.
Групата често е критикувана за своите екстремни ставови и напори да влијае врз политичките процеси во земјата со употреба на насилство или закани.
Водачот на групата, Андреј Шишко, беше осуден на осум месеци затвор за обид за поткопување на уставниот поредок.
Свет
Макрон: Франција ќе им помогне на Палестинците да изработат устав за идната држава
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе ѝ помогне на Палестинската самоуправа во изработката на устав за идната палестинска држава. Изјавата ја даде по средбата со Махмуд Абас во Париз.
Макрон најави формирање заеднички француско-палестински комитет кој ќе работи на правните, институционалните и организациските аспекти на идниот устав. Тој додаде дека Франција ќе обезбеди 100 милиони евра хуманитарна помош за Газа до крајот на годинава.
Абас истакна дека Палестина се залага за „држава посветена на дијалог, мир и владеење на правото“.
Франција, Велика Британија, Канада и Австралија годинава ја признаа палестинската држава, со што се приклучија на повеќе од 140 земји кои го поддржуваат нејзиното создавање. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, го осуди овој чекор, оценувајќи дека со тоа „се наградува Хамас“.
Регион
Загреб ја забрани „За дом спремни“ на концерти и јавни настани
Градското собрание на Загреб денес гласаше за Заклучок со кој се повикува градоначалникот да преземе сите потребни мерки за да се спречи употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучително и „За дом спремни“, на сите јавни површини и настани под надлежност на градот, пренесе хрватски „Индекс“.
Одлуката се однесува на областите управувани од градските институции и комерцијалните компании, како и на сите јавни површини за кои Градот издава дозволи за одржување настани. Целта, рекоа претставниците, е да се заштити јавниот простор од пораки што поттикнуваат омраза, насилство и ексклузивност.
Претходно денес беше соопштено дека употребата на усташки симболи ќе биде забранета во просторите управувани од Градот Загреб, но дека концертот на Марко Перковиќ Томпсон на 27 декември сепак ќе се одржи, бидејќи претходно беше потпишан договор за него.
Ива Ившиќ, претседателка на Клубот на претставници „Можеме“, истакна дека Заклучокот се базира на антифашистичките вредности на Уставот на Република Хрватска и ставовите на Уставниот суд и Европскиот суд за човекови права.
„Уставниот суд јасно кажа дека „За дом спремни“ е усташки поздрав на Независната Држава Хрватска и дека не е во согласност со Уставот, додека Европскиот суд за човекови права во случајот Шимуниќ против Хрватска утврди дека неговата јавна употреба не е заштитена со слобода на изразување бидејќи поттикнува омраза“, потсети Ившиќ.
Таа нагласи дека одлуката не се однесува на забраната за уметност, музика или слобода на изразување, туку јасно ја поставува границата дефинирана со член 39 од Уставот на Република Хрватска, кој забранува поттикнување на национална, расна или верска омраза и насилство.
Платформата „Можемо“ соопшти дека овој Заклучок има за цел да го заштити јавниот простор од пораки што ја уништуваат социјалната кохезија.
„Во време кога сме сведоци на раст на нетолеранцијата и насилството кон другите и кон оние кои се различни, наша должност е да го заштитиме јавниот простор – бидејќи им припаѓа на сите. Загреб мора да биде град каде што училиштата, градинките, културните центри и улиците се безбедни места, каде што се воспитуваат генерации кои знаат дека почитта, солидарноста и еднаквоста се основа на добро општество“, рекоа претставниците.

