Свет
36.000 луѓе аплицирале за функцијата министер во новата влада на Ирак
Иранските власти соопштија дека за функцијата министер во новата ирачка влада добиле апликации од 36.000 луѓе, од кои 15 отсто меѓу нив се жени и дека властите ќе разгледаат 9.317 пријави или апликации што ги исполнуваат прелиминарните услови.
Новоизбраниот претседател на Ирак, Бехрам Салих, за мандатор за состав на новата влада го назначи шиитски политичар Адил Абдул Махди, кој во својата полтичка кариера ги има претставувано разните политички правци и се претставува како независен поединец на политичката сцена.
Абдул Махди веќе работи на подготовка на новиот владин кабинет, а во понеделникот објави јавен повик до сите граѓани на официјалната веб-страница за аплицирање за позицијата – министер во неговата влада.
Високи позиции во владата, вклучувајќи и министерски места, се отворени за сите жени и мажи, граѓаните на Ирак што ги исполнуваат основните уставни предуслови за вршење јавна функција може да се пријават, рече Абдул Махди, во несекојдневниот конкурс кој е еден од првите чекори во неговата намера да дојде до смирување на две ривалски шиитски групи, кои во исто време тврдат дека имаат мнозинство во парламентот.
Во текот на три дена за министери во владата се регистрирале 36.000 лица, а од кабинетот на мандаторот, се вели во соопштението, ќе се разгледаат 9.317 апликации што ги исполнуваат прелиминарните услови.
Во соопштението се наведува и дека 97 отсто од апликантите тврделе дека не се членови на ниту една ирачка партија, а околу 23 отсто од кандидатите се со високо стручно образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.