Свет
Чаир е на прво место по број на нови дивоградби
Во Општина Чаир лани биле регистрирани 199 нови дивоградби, а веднаш зад неа е Општина Гостивар со 188 нови бесправни објекти
СПОРЕД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА
Во Општина Чаир лани биле регистрирани 199 нови дивоградби, а веднаш зад неа е Општина Гостивар со 188 нови бесправни објекти
На територијата на Република Македонија лани никнале 2073 нови дивоградби. До оваа бројка дојде Државниот завод за статистика врз основа на извештаите добиени од Одделенијата за урбанизам во Општините. Од нив речиси половина, односно 877 објекти се згради, 549 се доградби, 351 се гаражи, 156 се огради, 126 се тераси и 14 од регистрираните бесправни градби се скалила. Според намената новите дивоградби се главнои станбени објекти.
Според податоците од Заводот, лани најмногу бесправно се градело во Општина Чаир каде се регистрирани вкупно 199 нови дивоградби. На второ место е Општина Гостивар со 188 бесправно изградени објекти, а потоа следуваат Општина Карпош со 188 и Ѓорче петров со 158 објекти, Гази баба со 103 итн.
Градоначалникот на ОпШтина Чаир, Изет Меџити, потврди дека утврдениот број на нови дивоградби е точен, но објесни дека не планира акција за нивно уривање.
"Се работи главно за објекти кои не можеле легално да се изградат бидејќи нема Детални урбанистички планови. Прво ќе ги донесеме плановите и ќе ја покриеме целата територија со урбанистичка документација, а потоа може да размислуваме за уривање. Сега на сите ќе им дадеме можност да се легализираат. Мора да размислуваме долгорочно бидејќи во минатаото само 20 отсто од територијата на Чаир била покриена со планови. Сега е околу 70 отсто, а планираме до следната година за секој дел од 6аир да имаме ДУП"< рече градоначалникот Меџити.
За разлика од него, градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта на жчија територија, според Заводот се појавиле нови 188 дивоградби, вели дека тој податок не е точен.
"Во Гостивар во моментов нема ниту една дивоградба. Се што имаше е урнато, не знам зошто прават така. Јас ги уривав старите дивоградби, а во никој случај не дозволувам да се појават нови бесправни градби. Ако Заводот ги земал во предвид и селата, можно е да дошол до бројка од 188 дивоградби. Во Градот се е чисто", рече градоначалникот Бејта и нагласи дека додека е тој градоначалник нема да дозволи да се појави нова дивоградба. (М.И.П.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.