Свет
Стечај или продажба на Тутунскиот комбинат во Прилеп?
ПРИЛЕП – Околу 2.400 акционери, од кои 1.270 вработени, се сериозно загрижени за иднината на Тутунскиот комбинат во Прилеп кој, според последната процена на капиталот од пред десетина години вреди 26 милиони евра.
ПРИЛЕП – Околу 2.400 акционери, од кои 1.270 вработени, се сериозно загрижени за иднината на Тутунскиот комбинат во Прилеп кој, според последната процена на капиталот од пред десетина години вреди 26 милиони евра. Менаџерскиот тим подолго време го реализира акциониот бизнис-план усвоен од Владата, според кој со ослободување на компанијата од несуштинските дејности финансиски треба да се консолидира за да стане атрактивна за стратегиските инвеститори. И покрај најавите за зголемено интересирање на неколку потенцијални инвеститори, рано е да се говори кога и под кои услови ќе се изврши конечна приватизација со продажба на државниот капитал од 43,53 отсто.
„Најсериозен стратегиски инвеститор е турската реномирана тобако компанија ’Себа‘. Имавме неколку средби со сопственикот Сабедин Туркер, треба уште еднаш да се сретнеме заедно со премиерот Владо Бучковски, но рано е да се говори за нешто конкретно, бидејќи покрај турската компанија, холандскиот инвестициски фонд до Владата испрати писмо со намери. Од друга страна, и понатаму постои интересирање на шпанската фирма ’Алтадис‘ и уште една европска компанија влијателна во европската тобако-индустрија", вели Димитар Богдан, генерален директор на комбинатот. Според информациите, продажбата на државниот капитал нема да заврши до крајот на годинава, а досега никој не разговарал за висината на акциите.
„Номиналната вредност на една акција изнесува 51,13 евра, но таа не е и продажна цена. Висината на акциите ја одредува исклучиво Берзата во зависност од побарувачката и стратегиските инвеститори одговорите околу прашањата за акциите ќе ги бараат на Берзата", вели директорот Богдан, демантирајќи ги сж почестите шпекулации дека една акција на комбинатот ќе се продава по 25 евра.
И премиерот Бучковски при последната посета на Прилеп со коментар за продажбата на државниот капитал. „Земјоделците заговараат дека е подобро државата да остане партнер, ако може да стане и доминантен сопственик, но јас не сум убеден дека тоа е најдобро решение за комбинатот. Јас сж уште претендирам и преферирам да најдеме стратегиски интевститор, да ги зацврстиме позициите на комбинатот, бидејќи последната криза настана затоа што имаше криза токму во фирмата", го изнесе својот став премиерот Бучковски. Тој за време на изборната кампања за локалните избори им вети на прилепчани дека компанијата за кусо време ќе се продаде на турски инвеститор. Оттогаш изминаа речиси една и пол година.
Инаку, од финансиски аспект комбинатот вложува напори да го намири долгот спрема УЈП за неплатени даноци во висина од околу 5 милиони евра со отуѓување на објектите од несуштинските дејности. Долгот спрема ПИОМ е репрограмиран, остануваат за исплата уште 1,2 милион евра на 32 рати.Околу 14 милиони евра се обврските на компанијата спрема комерцијалните банки за долгорочни хипотекарни кредити, но ануитетите редовно се исплаќаат. Според менаџерскиот тим, има доволно тутун на залиха за да може да се преполоват обврските – 10 милиони евра кон Бирото за стоковни резерви. Раководството тврди стратегискиот инвеститор е единствена иднина за компанијата. Познавачите на приликите велат дека, во спротивно, стечајот е неизбежен, а последиците ќе бидат далекусежни, „социјална бомба" која не смее да ја дозволи ниту една влада. (М.Т.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира откако ќе се разјасни неговата природа.
– Во секој случај, без разлика на се, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејствија што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот – рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала Шахед од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.