Свет
Плати за да дознаеш од што си болен
Над 50 отсто од пациентите со воспаленија на желудник, на црева, како и оние со малигни заболувања не се откриваат навреме, оти не им се прават неопходните лабораториски анализи
НИТУ ЕДНА ДРЖАВНА АМБУЛАНТА НЕМА РЕАГЕНСИ НИ ЗА ОСНОВНА КРВНА СЛИКА
Над 50 отсто од пациентите со воспаленија на желудник, на црева, како и оние со малигни заболувања не се откриваат навреме, оти не им се прават неопходните лабораториски анализи
Над 50 отсто од пациентите со воспаленија на желудник, на црева, како и оние со малигни заболувања не се откриваат навреме, оти не им се прават неопходните лабораториски анализи. Тоа значи дека ниту еден од овие пациенти не може соодветно да се лекува и да ја добие потребната терапија, бидејќи таквата анализа е основна во понатамошниот третман. Така, потенцираат лекарите, се почесто се случува рак на дојка или тешко воспаление на желудник да се открие кај многу млади луѓе, што досега не било пракса.
Во ниту една државна амбуланта ниту здравствен дом нема реагенси за правење дури и на основна крвна слика, па болните мораат сами од свој џеб да го платат она што, според закон, бесплатно им следува. Приватно крвна слика чини над 500 денари, а за посложените испитувања може да се платат и до 6.000 денари.
Ништо подобра не е ниту состојбата во најголемата здравствена установа во земјава Клиничкиот центар каде што нема реагенси за т.н. ЦРП и АСТ, кои се првите показатели дали во организмот на болниот се случува некој воспалителен процес, неред во имунитетниот систем и се останато. На Институти – Скопје ги нема основните анализи за хелиобактер, за неколку вирусни заболувања, а нема ниту реагенси кои се потребни при зболувања и кај децата. Крвна слика со посложени испитувања не се прави ниту во Градската болница во Скопје, а пациенти за анализи не се примаат ниту во Битолската болница, во Прилеп, во Штип.
Во Државна нема ни тумор маркери, кои се основа во дијагностицирањето на ракот кај сите потенцијални пациенти.
"Не дај Боже да треба да направиш нешто набрзина како, на пример, ние со испитување за хелиобактер. Не шетаа од амбуланта до амбуланта, па во болница, за да завршиме на крај во Клинички каде што тестирањето ни го направија преку врски. Барем треба да ти кажат дека никаде нема, па ќе одиме да се испитуваме на приватно. Срамота, плаќаме здравствено, а се си даваме од паричник", вели револтирана пациентка која неколку дена барала помош за својата 15-годишна ќерка.
За директорот на Клиничкиот центар Андреа Арсовски реагенсите не се проблематични.
"Знае одвреме-навреме да снема реагенси, но состојбата се санира за два, три дена. Основна крвна слика правиме", беше кусиот одговор на портпаролот на Државна Искра Димовска.
Клиничкиот центар е установа каде што треба да се прават сите посложени и специфични испитувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.