Свет
Министерствата ќе бидат кираџии во НИП „Нова Македонија“
Јавното станбено претпријатие бара од државните органи што треба да се сместат во зградата на НИП-от да платат кирија од 2,2 милиона евра за наредните три години
ВЛАДАТА НЕ ДАЛА 2,2 МИЛИОНА ЕВРА ЗА РЕНОВИРАЊЕ
Јавното станбено претпријатие бара од државните органи што треба да се сместат во зградата на НИП-от да платат кирија од 2,2 милиона евра за наредните три години
Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор бара кирија од пет евра за квадрат од 11-те државни органи, кои треба да се сместат во зградата на НИП „Нова Македонија“ бидејќи Владата не префрлила 2,2 милиона евра за реновирање на објектот. Идејата на претходната влада, која преку ова јавно претпријатие за 6,6 милиони евра ја купи петнаесеткатницата на НИП-от, беше во неа да се сместат повеќе државни органи за да не се одлеваат високи суми од буџетот за кирии.
Претпријатието сега бара да се поништи владината одлука со која во зградата треба да се сместат повеќе министерства бидејќи државата не била сопственик и нема право да владее со имотот. Во станбеното претпријатие планираат овој простор да го издаваат под закуп, од што за три години ќе собереле 2,2 милиона евра. Претпријатието и’ порачува на Владата со ребалансот на буџетот да ги даде парите за плаќање на трошоците за реновирање на објектот или за наредните три години да испланира пари за кирија на повеќе државни институции.
Министерствата и државните органи се во паника откако пред неколку денови го добиле известувањето од јавното претпријатие. Тие веќе си набавиле мебел и друга опрема, која им била потребна за вселување во новите простории.
– Влеговме во зградата за да видиме до каде се работите. Има што да се види, таа е руинирана. Секој ден се менуваат плановите за квадратурата и за тоа на кој кат ќе се сместиме. Ние веќе купивме и мебел. Од Владата бевме известени дека треба да ги завериме просториите во Катастарот, во книгата за евиденција на недвижости што ги користат државните органи. Но од Катастарот велат дека тоа не може да се направи бидејќи тие простории не се сопственост на државата – велат извори од министерствата.
Стечајната управничка на НИП „Нова Македонија“ Ангелина Гогушевска вели дека нотарскиот акт не е завршен и се уште како сопственик на зградата во Катастарот се води издавачката куќа во стечај. Извештај за зградата најави за во наредната недела откако тој ќе биде усвоен од Одборот на доверителите.
Поради директорски смени во Јавното станбено претпријатие нема кој да ги објасни новите предлози.
Според одлука на Владата на Владо Бучковски, донесена во јуни годинава, во зградата на НИП-от требаше да се сместат министерствата за економија, образование, локална самоуправа и за труд и социјална политика, како и Државниот архив, Агенцијата за државни службеници, Службата за општи и заеднички работи на Владата, Македонската информативна агенција МИА, Секретаријатот за законодавство и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Јавното станбено претпријатие пресметало дека најголема закупнина за три години, од над 698.000 евра, треба да плати Министерството за образование бидејќи добило најголема површина од 3.881 квадрат на повеќе катови од зградата. Министерството за труд за 1.545 квадрати на третиот кат ќе треба да плати 278.000 евра.
Владата не зела дивиденда од ЕСМ
Владата на Владо Бучковски не префрлила 104.000 евра во државниот буџет од дивидендата на поранешното ЕСМ за 2005 година. Со овие пари требало да се плати дел од трошоците на Јавното станбено претпријатие за реновирање на зградата на НИП „Нова Македонија“.
Владата за таа цел требало да обезбеди вкупно 2,2 милиона евра, од кои околу 1,4 милион евра од годинашниот буџет, 104.000 евра од добивката на ЕСМ, 47.000 евра од вишокот пари од работата на „Македонски пошти“ и 763.000 евра од буџетот на Јавното станбено претпријатие.
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ги известило министерствата дека овие пари не се обезбедени.
Александра Филиповска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Свет
Земјотрес во Турција со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди централна Турција, соопшти државната агенција за справување со катастрофи. Веднаш не беше соопштено дали земјотресот предизвикал жртви или материјална штета.
Според Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации, земјотресот се случил во градот Сулусарај, во провинцијата Токат, на околу 450 километри источно од главниот град Анкара.
Според телевизијата Хабер Турк, земјотресот бил почувствуван во соседните провинции. Земјотресите во Турција се чести бидејќи земјата лежи на активни раседи.
Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер ја погоди минатата година
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.