Свет
Саша Андоновски бил маша за влечење милиони од државата
Саша Андоновски важи за еден од клучните играчи во уиграната екипа, кој со наплата на отштети и со денационализирање имот ја оштетил државата со милионски суми.
ШТО ПИШУВА ВО ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ ЗА „БАЧИЛО“
Саша Андоновски важи за еден од клучните играчи во уиграната екипа, кој со наплата на отштети и со денационализирање имот ја оштетил државата со милионски суми.
Андоновски, притворен поранешен претседател на владината комисија за денационализација, при истрагата тврдел дека не разбира зошто е обвинет и кој закон го прекршил. Но, пропеал неговиот соработник и член на комисијата, Радослав Смилчевски. Тој признал дека му помогнал да донесе незаконско решение за денационализација на имот, со што двајцата ја оштетиле државата за околу 30,5 милиони денари. Ова признание е дел од доказите врз кои се темели обвинението против 23 луѓе, од кои 13 се во притвор, вклучени во малверзации со досудување отштета од државата за случајот „Бачило“ и со незаконски денационализации.
Спорното решение за денационализација, според обвинението, го составил нотарот Никола Стојменовиќ, а потоа Андоновски и Смилчевски го подметнале за потпис пред другите членови на комисијата. Малверзацијата ја потврдил и друг сведок, како и форензичарската анализа на компјутерските системи одземени од нотарската канцеларија на Никола Стојменовиќ и од неговиот дом.
Во обвинението се посочува дека Андоновски ја направил злоупотребата при одлучување по жалба што ја поднела Ленче Дамчевска, исто така обвинета во случајот, која им била полномошник на барателите на денационализација. Тие се жалеле на првостепено решение на комисијата за денационализација на општините Карпош и Чаир со кое нивното барање било одбиено. Спротивно на Законот за денационализацијата, Андоновски им утврдил право на денационализација, иако имотот не можел да биде денационализиран бидејќи бил експроприран и за него бил исплатен надомест. Андоновски на барателите им дал државно земјиште во Орешани и во Моране со помош на обвинетиот Смилчевски. Тој, по барање на Андоновски, на 31 мај 2005 година го однел предметот во нотарската канцеларија на Стојменовиќ, кој подготвил решение со датум од 30 август 2005 година, со кое на барателите на денационализација им се дава државен имот. Потоа го пополнил записникот за овој предмет и им го проследил на потпис на другите членови на комисијата, како тој да го работел предметот и го донел решението.
(Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје
Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција, коментирајќи ги изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготвеноста на Киев за „енергетско примирје“.
„Одржливиот, загарантиран, долгорочен мир, постигнат со потпишување на релевантните документи, е апсолутен приоритет“, рече Песков, пренесува Спутник.
Кремљ ќе следи како ќе се развива ситуацијата по објавата на Зеленски за неговата подготвеност да одржи претседателски избори, рече Песков и нагласи дека неговата изјава за неговата подготвеност да одржи претседателски избори е „сосема нова“, додека рускиот претседател Владимир Путин долго време зборуваше за потребата од тоа.
Фото: депозитфотос
Свет
Канцеларијата на ОН за човекови права едвај преживува поради недостаток на донации
Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека неговата канцеларија „едвај преживува“ поради големото намалување на финансирањето од глобалните донатори, додека кршењата на правата и потребите во областите погодени од војната се зголемуваат.
„Нашите ресурси се намалени, заедно со финансирањето за организациите за човекови права – вклучително и оние на локално ниво – низ целиот свет. Едвај преживуваме“, изјави Турк за новинарите.
„ОХЦХР има 90 милиони долари помалку за своите потреби оваа година, што резултираше со отпуштања на 300 вработени, што директно влијае на работата на канцеларијата“, рече Турк.
„Суштинската работа мораше да се намали, вклучително и во Колумбија, Демократска Република Конго, Мјанмар, Тунис и други земји во време кога потребите растат“, додаде тој.
Тој рече дека посетите на земјите од страна на специјалните известувачи на ОН, кои се независни експерти, се намалени, како и мисиите за утврдување факти од страна на телата за утврдување факти, додека дијалозите со државите за нивното почитување на договорите за човекови права на ОН мораа да се одложат.
„Сето ова има широк ефект врз меѓународните и националните напори за заштита на човековите права“, рече Турк.
САД, убедливо најголемиот донатор на ОН, се повлекоа од ОХЦХР оваа година под администрацијата на Доналд Трамп.
фото/депозитфотос
Свет
Украински генерал: Обновивме делови од Покровск
Украина, според сопствените тврдења, обнови делови од градот Покровск. Според врховниот командант Олександр Сирски, украинските трупи сè уште се борат против масовни руски напади.
Одбраната на Покровск продолжува, рече Сирски.
Од средината на ноември украинските трупи вратија речиси 13 од вкупно 29 квадратни километри од градот. Според „Киев индепендент“, украинските сили наводно дополнително го зајакнуваат своето присуство во регионот.
Сирски потврди дека украинските единици морале да се повлечат од позиција од пет до седум километри надвор од Покровск, каде што руските трупи почнале силно да напредуваат. Одбраната на тие позиции повеќе не била ефикасна, рече тој. Во последните денови и недели беше објавено дека градот е претежно опкружен со руски трупи, кои наводно контролираат 95 проценти од градот.
Во исто време, Сирски тврди дека соседниот град Мирноград не е опколен од руските сили, иако логистичкото снабдување е сè потешко. Сепак, функционер на НАТО процени поинаку, според извештајот на „Украинска правда“, во кој се тврди дека градот е опколен од руски војници.
Фото: депозитфотос

