Свет
Јавните претпријатија направиле загуби од 6,5 милиони евра
Шесте јавни градски претпријатија во текот на изминатата година направиле загуби од вкупно 6,5 милиони евра, покажуваат нивните завршни сметки, за кои утре ќе расправа советот на градот. Милионски загуби направиле „Водовод и канализација“ и ЈСП „Скопје“, другите имаат помалку, а само „Паркови и зеленило“ остварило добивка.
СПОРЕД ЗАВРШНИТЕ СМЕТКИ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА
Шесте јавни градски претпријатија во текот на изминатата година направиле загуби од вкупно 6,5 милиони евра, покажуваат нивните завршни сметки, за кои утре ќе расправа советот на градот. Милионски загуби направиле „Водовод и канализација“ и ЈСП „Скопје“, другите имаат помалку, а само „Паркови и зеленило“ остварило добивка.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, со загубата од речиси 3,3 милиони евра, има поголем минус од сите други претпријатија заедно. На второ место е „Водовод“, со загуба од околу 2,8 милиони евра, а на трето „Комунална хигиена“ со 277.000 евра. „Градски паркинг“ и „Улици и патишта“ имаат помали загуби, 75.000 односно 68.000 евра. Добивката на „Паркови и зеленило“ изнесува 76.000 евра.
Десетина причини се наведуваат за загубата на ЈСП „Скопје“, од кои главни се намалените приходи од превозот на патници и зголемените трошоци за работењето. Според надзорниот одбор на претпријатието, голем проблем се и нелојалната конкуренција од приватниот сектор, високата стапка на ДДВ, како и исклучително слабата наплата на одредени приградски линии. ЈСП дополнително го оптовариле загубите во летниот период, за кои не добиваат субвенции, поскапувањето на нафтата и долговите кон претпријатието што се уште не ги платиле градот и Министерството за одбрана.
Во „Водовод“ вкупните приходи од дистрибуцијата на водата до домаќинствата и до стопанските објекти се намалени за 2,7 отсто, а трошоците за работата се зголемени за шест отсто, во однос на 2005 година. Претпријатието успеало за 19,4 отсто да ги намали нематеријалните трошоци, но и таму има мали зголемувања за дневниците за службен пат, за превозот и исхраната на вработените, а за реклами се потрошиле четири пати повеќе пари отколку во 2005 година.
Кај „Комунална хигиена“ има зголемување на приходите по речиси сите основи, но претпријатието имало и поголеми трошоци отколку во 2005 година, па затоа направило загуба. Управниот одбор одлучил таа да се покрие од добивката остварена во изминатите години.
Во извештајот за „Градски паркинг“, пак, се вели дека загубата е од привремен карактер и дека ќе може да се покрие во текот на оваа година. Претпријатието направило двојно поголем промет во однос на претходната година, отворило седум нови паркиралишта, но поради тоа го зголемило и бројот на вработените за 60 отсто.
„Улици и патишта“ имало највисок приход откога постои како посебно претпријатие, кој бил за 44 отсто повисок од претходната година. Вкупните трошоци на претпријатието, пак, се зголемиле за 51 отсто.
„Паркови и зеленило“ ќе одвои 15 отсто од својата добивка во резервниот фонд, а остатокот ќе стане дел од трајниот капитал на претпријатието.
Г. Т.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.