Свет
Судот бара Јанкуловска да препознае уште 18 лица за „Процес“
Истрагата за упадот во дикотеката „Процес“ и по три месеци е во ќор-сокак. Судот и Обвинителството бараат проширување на листата на осомничени за упадот во дискотеката „Процес“ со нови 18 припадници на Единицата за брзо распоредување.
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Истрагата за упадот во дикотеката „Процес“ и по три месеци е во ќор-сокак. Судот и Обвинителството бараат проширување на листата на осомничени за упадот во дискотеката „Процес“ со нови 18 припадници на Единицата за брзо распоредување. Според МВР, пак, случајот е затворен со тоа што се поднесени кривични пријави против 20 специјалци. „Постапката во случајот ’Процес’, од полициски аспект, е завршена“, изјави завчера министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Насилничкиот упад на бројна група маскирани припадници на Единицата за брзо распоредување во дискотеката „Процес“, што се случи на 16 декември минатата година, резултираше со отворање кривична постапка која и по цели три месеци не е окончана во фаза на кривична истрага. Овој процес е отежнат поради фактот што во Основниот суд Скопје 1 чекаат на дел од доказите кои им се навестени, но никако да дојдат до судијата кој раководи со овој предмет. Како што сега стојат работите, со кривичната истрага и натаму се опфатени само 20 припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) кои доброволно се пријавија како сторители на насилнички напад во „Процес“ и тие според Обвинителство се товарат за насилство.
Портпаролот на Основниот суд Скопје 1 и раководител на Истражното одделение, судијата Седат Реџепагиќ, потврдува дека сите доброволно се пријавени распитани и дека од следната недела ќе треба да започне распитот на оштетените. Станува збор за седум-осум лица кои во оваа постапка се пријавени како оштетени.
Но, од судот потврдуваат дека во скоро време треба да се очекува проширување на кривичната истрага за нови 18 лица, што ги потврдува сомневањата дека бројот на лицата кои насилно влегле во дискотеката е поголем од оние дваесетмина за кои се поднесени кривични пријави. И од скопското Основно јавно обвинителство доаѓа неформална потврда дека бројот на осомничените треба да биде многу поголем од оној што го најави Министерството за внатрешни работи.
Обвинителството и натаму инсистира на барањето што е проследено до МВР, а во кое се бара препознавање на преостанатите учесници во инцидентот. По прегледувањето на снимките направени од камерите на дискотеката, но и оние што како доказ беа обезбедени од Градскиот трговски центар, Обвинителство побара од МВР да изврши препознавање на сите лица што се снимени на камерите, но барем засега нема нова повратна информација. Засега, барањето за дополнителни проверки останува како и пред повеќе од еден месец, кога беше соопштено дека е тешко да се идентификуваат сите оние кои се гледаат на снимките и дека, најверојатно, бројот на осомничени нема да се менува. Така како осомничени, според полицијата, се водат само оние припадници на ЕБР кои доброволно се јавија пред судско-обвинителните органи.
Случајот „Процес“ се смета за затворен од страна на полицијата, зашто потврда дојде и од страна на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Таа завчера во Битола изјави дека „постапката во случајот ’Процес’, од полициски аспект, е завршена“. Јанкуловска смета дека сите „сторители се идентификувани и за нив се поднесени 20 кривични пријави за сторено кривично дело насилство“ и дека сега случајот е во рацете на Обвинителството. Случајот „Процес“ не само што е завршен за министерката Јанкуловска, туку таа очекува во скоро време почнување судска постапка, а на претстојното судење ќе треба да одговараат сите 20 досега пријавени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Можеби имам лоши луѓе за односи со јавноста
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, една година по враќањето на власт, на долга прес-конференција ги пофали своите постигнувања, ги критикуваше илегалните имигранти и изрази разочараност што неговата економска порака „не стигнува до Американците“.
Говорот го започна во преполна сала за новинари во Белата куќа, покажувајќи фотографии од, како што ги нарече, „пореметени убијци“ кои, според него, биле уапсени и депортирани од страна на Имиграциската и царинска служба (ICE), особено од Минесота — каде што се одржуваат протести против имграциската политика на владата.
Говорејќи за економијата, рече дека го „исчистил“ федералниот апарат и ги намалил бројките што, според него, биле високи под администрацијата на Џо Бајден. „Ги намаливме значително. Не разбирам… можеби имам лоши луѓе за ПР. Не успеваме да ја пренесеме пораката“, изјави Трамп.
Трамп ја спомена и венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, за која рече дека е „неверојатно љубезна жена“. Иако претходно беше исклучена од неговата стратегија, рече дека повторно се водат разговори со неа: „Многу би сакал да можеме некако да ја вклучиме.“
Трамп се обрати од Белата куќа непосредно пред заминување за Давос, каде што ќе учествува на Светскиот економски форум, каде што се очекува фокусот да биде ставен на неговите пораки и закани поврзани со Гренланд.
Свет
Каја Калас: Додека некои сојузници ѝ вртат грб на Европа, Европа бара нови партнери
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денес во Европскиот парламент го бранеше неодамна потпишаниот трговски договор со Меркосур, нарекувајќи го „геостратешка одлука“.
Во расправата посветена на потребата од мирна демократска транзиција во Венецуела, Калас се осврна на потпишувањето на договорот со Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај, земји членки на Меркосур. Членството на Венецуела во овој трговски блок е суспендирано од 2016 година.
„Во момент кога некои сојузници ѝ свртуваат грб на Европа, Европа бара нови сојузници“, рече Калас во Стразбур, пред зградата на Европскиот парламент, каде што денес се одржа голем протест против договорот.
Во саботата, Европската унија и земјите од Меркосур го потпишаа историскиот договор за слободна трговија, кој опфаќа 700 милиони граѓани. Следниот чекор е да се обезбеди поддршка од Европскиот парламент.
Утре пратениците ќе гласаат дали да побараат мислење од Судот на ЕУ за тоа дали договорот е усогласен со европските договори. Доколку предлогот помине, гласањето за потврдување на договорот ќе се одложи сè додека Судот не се изјасни – што може да потрае и до две години. Ако предлогот не помине, Европскиот парламент би можел да гласа уште во февруари.
Свет
САД веќе купиле острови од Данска – меѓу нив и озлогласениот остров на Епстин
Откако Доналд Трамп повторно ја актуелизираше идејата за купување на Гренланд, во јавноста се појави информација за последната голема територија што САД ја купиле од Данска во 1917 година. Станува збор за Данските Западни Индии, денес познати како Американски Девствени Острови, пишува „Њузвик“.
На социјалните мрежи се посочува дека во рамки на таа територија се наоѓа и островот Литл Сент Џејмс, познат како озлогласениот „остров на Епстин“.
САД ѝ платиле на Данска 25 милиони долари во злато за овие територии, стекнувајќи контрола врз островите Сент Томас, Сент Џон и Сент Кроа. Островот Литл Сент Џејмс бил дел од оваа аквизиција. Подоцна, во 1998 година, го купил починатиот финансиер и педофил Џефри Епстин.
Островот стекна лоша репутација како приватен имот на кој Епстин наводно извршувал сексуални злосторства. Тој стана централна точка во истрагите и граѓанските постапки што следеа по неговото апсење и смрт.
И денес островот е предмет на јавни расправи, а многумина повикуваат на објавување на детални информации за тоа кој и кога го посетувал. Тоа е особено нагласено по неодамнешното објавување на делови од „досиејата на Епстин“, кои фрлија ново светло врз неговата мрежа на контакти и тековните судски постапки.

