Свет
Инспектори го тресат јавното претпријатие „Водовод“ во Кочани
Инспектори од Одделението за организиран криминал ја проверуваат документацијата на комуналното јавно претпријатие „Водовод“ во Кочани поради сомневања дека со години се правени злоупотреби, дознава „Време“.
ПОРАДИ СОМНЕВАЊА ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ
Инспектори од Одделението за организиран криминал ја проверуваат документацијата на комуналното јавно претпријатие „Водовод“ во Кочани поради сомневања дека со години се правени злоупотреби, дознава „Време“.
Покрај полицијата, вклучени се и инспектори од Управата за јавни приходи.
Полициски извори велат дека истрага е покрената поради основано сомневања за незаконско работење на ова претпријатие со години. Се проверуваат документите, кои треба да покажат дали има проневери, дали со народни пари се помагале партиски кампањи и дали на друг начин се правени финансиски злоупотреби.
Љупчо Беличев, директор на КЈП „Водовод“, потврди дека инспектори влегле во претпријатието.
– Тоа е нормалана појава, тие се ја вршат работата. Инспекторите дојдоа ден-два. Неколку дена ги нема. Резултатите од истрагата треба тие да ги кажат – вели Беличев.
Тој вели дека во „Водовод“ нема малверзации со документите. Беличев ги негира неофицијалните информации дека се очекува во ова претпријатие да биде откриена најголемата финансиска афера во источна Македонија.
Во Секторот за внатрешни работи во Кочани велат дека станува збор за редовна контрола на работата на јавното претпријатие. Оттаму не кажуваат детали за случајот додека не заврши истрагата.
Неодамна беше поднесена кривична пријава против претседателот на синдикалната организација во претпријатието, поради сомневање дека сторил кривично дело со тоа што „испуштил“ да внесе околу 100.000 денари на синдикалната сметка.
Во Кочани ова претпријатие се смета како едно од упориштата на СДСМ.
Л. Д. – С. С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.