Свет
Пластичниот експлозив бил даден без пари на непостојна фирма
Пластичен експлозив од 2,5 тона
бил „продаван“ на непостојна фирма за 100 денари од килограм, иако вредел 17
пати повеќе, и згора на тоа воопшто не бил платен, утврдила полиција во
кривичната пријава за случајот „Сувенир“.
ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПОТВРДИ НАОДИТЕ НА „ВРЕМЕ“ ЗА
„СУВЕНИР“
Пластичен експлозив од 2,5 тона
бил „продаван“ на непостојна фирма за 100 денари од килограм, иако вредел 17
пати повеќе, и згора на тоа воопшто не бил платен, утврдила полиција во
кривичната пријава за случајот „Сувенир“.
„Време“ веќе пишуваше за чудната судбина на пластичниот експлозив, како и за
други готови производи на фабриката за оружје во Самоков што останале во магацините,
откако фабриката му беше продадена на Гркот Василиос Пападопулос.
МВР вчера и официјално извести дека кривичната пријава за злоупотреба на
службената положба против стечајниот управник на „Сувенир во стечај“ и
проценителот со ограничено овластување била прифатена од гостиварското
обвинителство. Полицијата работела повеќе од два месеца на случајот.
Според пријавата, 2.443 килограми пластичен експлозив практично без пари му
биле дадени на Гркот. Тој никогаш не платил за експлозивот, иако во
документацијата пишувало дека Пападопулос платил 725.000 денари (11.885 евра)
или 100 денари за килограм. Квалитетот на експлозивот бил проверен од вештаци и
било утврдено дека неговата вистинска цена е 2.900.000 денари или 47.000 евра.
Згора на ова, тврди МВР, експлозивот бил продаден на фирмата „Сувенир Олимпик“,
која претходно Пападопулос ја избришал од Централниот регистар, на нејзино
место регистрирал нова фирма „Сувенир индустри“. Кулминацијата на полициската
истрага е откритието дека и 11-те илјади евра до денес не биле платени.
Процената ја направил осомничениот проценител.
Покрај експлозивот, кривичната пријава се однесува и на продажбата на 169 пушки
од Водот за обезбедување на фабриката за кои неодамна пишувавме.
Во пријавата се наведува дека 51 полуавтоматска пушка, 45 автоматски, како и 57
пушкомитралези и 16 пиштоли му биле дадени на Пападопулос во јуни лани. Притоа,
овојпат на новата фирма „Сувенир Индустри“ оружјето било дадено без да се
направи процена на вредноста и без согласност на Одборот на доверители на
фабриката.
МВР во текот на истрагата побарало процена на оружјето од фирмата „Микеи
интернационал“. Позната трговска фирма за оружје понудила 125.000 евра за
пушките.
До затворањето на весников, се уште траеше судската истрага за случајот во
Основниот суд во Гостивар. Засега не е познато дали осомничените се распрашани
од истражниот судија.
Продажбата на „Сувенир“ е веќе оспорена од поранешните вработени, но и од
стечајниот управник, поради неисполнување на обврските на Пападопулос. Деновиве
се очекува извештајот на ревизорската куќа, по што стечајниот судски совет ќе
решава дали ќе ја поништи продажбата. Случајот е и под око на вицепремиерот Зоран
Ставревски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.