Свет
Стопанска банка ги отфрла наводите на антикорупционерите
Стопанска банка ќе ги преземе сите мерки за да ги заштити својот углед и
интереси откако завчера Државната комисија за спречување на корупцијата,
„нишанејќи“ кон поранешните директорки на УЈП Петра Митева и Мирка Мандевска,
практично удри по најстарата домашна банка, која сега е во сопственост на
странски акционери.
Стопанска банка ќе ги преземе сите мерки за да ги заштити својот углед и
интереси откако завчера Државната комисија за спречување на корупцијата,
„нишанејќи“ кон поранешните директорки на УЈП Петра Митева и Мирка Мандевска,
практично удри по најстарата домашна банка, која сега е во сопственост на
странски акционери.
Се дознава дека уште вчера Стопанска банка упатила писмо до државниот врв во
кое таа ги изложила своите ставови во врска со прес- конференцијата на
антикорупционерите. Во меѓувреме, нема коментари од државните органи.
Министерот за финансии, Трајко Славески, вчера изјави дека нема детали околу
изложеното од страна на Антикорупциската комисија и дека до Mинистерството
за финансии не бил доставен комплетниот предмет.
Завчера првиот човек на Антикорупциската комисија, Мирјана Димовска, обвини
дека поранешните директорки на УЈП Петра Митева и Мирка Мандевска ја оштетиле
државата за над околу милион евра, поради тоа што овозможиле Стопанска банка да
плати помалку пари за ДДВ. Притоа, побараа од Обвинителството кривично да ги
гони поради злоупотреба на службената должност и овластувања.
Дознаваме дека Стопанска банка реагирала на завчерашната прес-конференција на
Државната комисија за спречување на корупцијата, во која била спомената во
контекст на злоупотреба на службената положба од страна на поранешниот директор
на УЈП – Регионална дирекција, Скопје, Мирка Мандевска, и генералниот директор
на УЈП, Петра Митева, дека на банката и’ било овозможено да уплати помал износ
на ДДВ. Стопанска банка доставила допис до Антикорупциската комисија, до
премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески, како и до
министерствата за финансии, за правда и до Управата за јавни приходи, во кој го
истакнала својот став дека Комисијата излегла надвор од законските овластувања
и Законот за борба против корупцијата, со што му нанела штета на угледот на
Стопанска банка.
Дознаваме дека во дописот банката истакнала дека ја поддржува борбата против
корупцијата и криминалот преку примена на законските прописи и функционирање на
институциите на системот и истакнала дека тие целосно се применуваат во
нејзиното работење.
Банката укажала дека Државната комисија за спречување на корупцијата со
споменување на името на банката ги пречекорила одредбите од Законот за
спречување на корупцијата, Кривичниот закон и Законот за кривична постапка и
постапила спротивно на правниот принцип за неизнесување податоци се’ додека
надлежните органи не донесат соодветни одлуки.
Притоа, Стопанска банка нагласила дека како примерен корпоративен граѓанин на
Македонија ќе продолжи да ги почитува институциите и законската регулатива и
согласно со тоа најавила подготвеност да ги презема сите мерки за да ги заштити
своите интереси.
Ексдиректорката Петра Митева вчера ги негираше изнесените сознанија на
антикорупционерите. Таа тврди дека немала никакви контакти со Стопанска банка
ниту, пак, дека простила дел од давачките на банката кон државата. Директорката
на скопската дирекција, Мирка Мандевска, не сакаше ништо да коментира. Целиот
случај ќе премине во рацете на Јавното обвинителство кое треба да пресече дали
ќе има кривични пријави за Митева и за Мандевска. Во текот на вчерашниот ден не
можеше да се добие официјална потврда дали предметот веќе е препратен од
Антикорупциска комисија до Обвинителството. Во скопското Јавно обвинителство,
како што ни беше речено, материјалот во текот на вчерашниот ден не им бил
доставен.
Нема информации дали тој е упатен директно на адреса на државниот јавен
обвинител Љупчо Шврговски, кој вчера беше на службен пат во Црна Гора. Доколку
предметот вчера, сепак, стасал во Републичкото обвинителство, в понеделник, по
парафирањето од страна на првиот човек Шврговски, ќе биде одлучено кој ќе го
земе во работа: Одделението за организиран криминал или скопското Јавно
обвинителство. (М.Ј.- Г.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.