Контакт

Свет

Помали казни за деветмина обвинети во „Бачило“

Објавено пред

Обвинителството одлучи да го

dobivaj vesti na viber

повлече обвинението против Радослав Смилчевски, вработен во скопски Катастар,

оти на судењето се докажало дека тој не бил замешан во случајот

Обвинителството одлучи да го

повлече обвинението против Радослав Смилчевски, вработен во скопски Катастар,

оти на судењето се докажало дека тој не бил замешан во случајот

Деветмина обвинети за случајот

„Бачило“ ќе добијат помали казни откако Обвинителството вчера одлучи да ги гони

за поблаг облик на перење пари, а за кој е предвидена парична казна или затвор

од најмногу три години. Според Кривичниот законик на Македонија, за најтешкиот

облик на кривичното дело перење пари е предвидена затворска казна и до десет

години. Обвинителството вчера во завршните зборови побара 21 обвинет за

незаконски досудените 720.000 евра за гранатирање бачило на овчарот Иснифарис

Џемаили да бидат прогласени за виновни и да бидат осудени.

Нотарот Никола Стојменовиќ е обвинет за злоупотреба на службената положба, за

измама и за перење пари, а Џемаили се товари за перење пари и за злоупотреба.

Обвинителот Гордана Ѓешковска вчера одлучи да го повлече обвинението против

Радослав Смилчевски, вработен во скопски Катастар и член на второстепената

комисија за денационализација. Според Обвинителството, во текот на судењето се

докажало дека тој не бил замешан во случајот. Кривичната постапка е стопирана и

за поранешната судијка Марија Дубровска, која почина во петокот.

За случајот сега се товарат 21 лице, од кои 13 обвинети се во притвор. Меѓу нив

е и бившиот заменик-министерот за економија Саша Андоновски, обвинет за

злоупотреба на службената должност, која ја сторил како претседател на

второстепената владина комисија за денационализација.

Адвокатот на нотарот Стојменовиќ вчера побара изрекувањето на завршните зборови

да се одложи за денеска, бидејќи обвинителот го прецизираше обвинението. На

вчерашното рочиште се очекуваше завршни зборови да дадат и другите адвокати.

Јавниот правобранител на Македонија, за аферата „Бачило“ побара 1.250.000 евра

отштета од обвинетите. Според обвинението, незаконски досудените 720.000 евра

за гранатирањето на бачилото и за уништувањето на добитокот на обвинетиот

Џемаили биле искористени за малверзации со денационализирано земјиште.

Во текот на судењето, повеќето обвинети тврдеа дека се невини и го посочија

нотарот Стојменовиќ како креатор на целата афера. И овчарот Џемаили тврдеше

дека е невина жртва на измамата на нотарот. Од друга страна, пак, Стојменовиќ

изјави дека не е виновен и дека не ја злоупотребил службената должност.

Тој изјави дека при склучувањето на договорите за заем и за хипотеки врз

денационализирано земјиште не биле користени парите што Џемаили ги добил како

отштета од државата и дека се’ било правено законски. Саша Андоновски во своја

одбрана кратко одговори дека е жртва на политички прогон.

Судењето почна пред само три недели и се очекува пресудата да биде изречена во

наредната недела.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Полицаец од Бор е приведен поради давање информации за исчезнувањето на девојчето

Објавено пред

Полицаец од Бор е приведен поради давање информации од истрагата за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2).

dobivaj vesti na viber

Не се знае за какви информации станува збор и кому полицаецот ги дал, но се работи за информации од истрагата кои евентуално би можеле да ја загрозат.

Се уште трае потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено во вторникот.

Се претресуваат куќи и населба, се расчистува дворот.

Две специјалистички екипи за спасување од урнатините од Белград и Нови Сад започнаа детално пребарување на просторот околу куќата, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Украински дрон удрил во станбена зграда во Белгород, има мртви

Објавено пред

Едно лице загина кога украинско беспилотно летало удри во станбена зграда во рускиот град Белгород и одекна силна експлозија, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

dobivaj vesti na viber

„Повредена е сопругата на починатиот, има расекотини на лицето и површна изгореница на бутот. Екипата за брза помош ја однела жената во регионалната клиничка болница. Како резултат на експлозијата, за жал, еден човек загина“, објави Гладков, а пренесува Риа Новости.

Друг жител со рана од шрапнел сам отишол во градската болница, додаде тој.

Оштетени се прозорците во пет стана, како и автомобил. Оперативните услуги се на лице место.

Прикажи повеќе...

Европа

Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага

Објавено пред

Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.

Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).

Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.

„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.

„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.

Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.

Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.

Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Нема докази дека уапсените за убиството на докторот се сторителите

Нема докази дека лицата кои беа приведени за убиството на докторот во Железара се сторителите. Од Обвинителството велат дека продолжуваат...

Регион3 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ4 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ6 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија6 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија7 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион8 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион9 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа9 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет9 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа9 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија21 час

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија23 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија1 ден

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....