Свет
Само ЕСМ може да го урне монополот на телекомот
Бесплатен фиксен телефон и неограничен пристап на Интернет со протечност од 1 мегабит во секунда (три пати побрзо од сегашната „АДСЛ“ понуда на телекомот) за 1.500 денари месечно.
Никола Стојанов
Бесплатен фиксен телефон и неограничен пристап на Интернет со протечност од 1 мегабит во секунда (три пати побрзо од сегашната „АДСЛ“ понуда на телекомот) за 1.500 денари месечно.
Овој пакет услуги ќе го добијат сите граѓани ако Владата одлучи на најавениот тендер да ја даде на концесија мрежата на Електростопанство на Македонија (ЕСМ) на странска компанија, која во соработка со „Самсунг корпорејшн“ ќе ја инсталира и ќе ја користи мрежата. Тоа ќе ја преполови цената на овие услуги, тврди Васко Бошевски, менаџер на „ВеВе груп Македонија“, застапник на „Самсунг корпорејшн“.
Сега во монополската состојба на пазарот во која ужива телекомот просечно македонско семејство плаќа барем 3.000 денари од кои минимално 1.000 денари месечно за телефон, а за интернет-услугата „Макс АДСЛ“ уште 2.000 денари, без данок на додадена вредност.
– Претставници на „Самсунг“ на 28 јуни беа во земјава и на менаџментот на ЕСМ му ги презентираа сите можности што ги нуди овој проект. Негова примарна цел е да го направи дигитален системот за наплата на струјата на ЕСМ. Тоа значи дека вклучувањето и исклучувањето на корисниците ќе биде од диспечерски центар и операцијата ќе се сведе на притискање копче. За тоа се потребни и нови дигитални броила кои треба да ги инсталираат сите потрошувачи. Отворени беа две варијанти.
Првата е ЕСМ да го купи пакетот и да го користи или да ја даде под концесија својата мрежа на друга компанија која ќе ги понуди овие услуги. На Владата и беше понудено пакетот кој чини околу 200 милиони евра да го купи на кредит од 10 години.Со тоа што кредитот го гарантира „Самсунг“ и не треба државна гаранција, туку само гаранција од ЕСМ – објаснува Бошевски.
Марјан Ѓуровски, советник за односи со јавноста на премиерот Владо Бучковски, соопшти дека Владата есенва планира да распише меѓународен тендер на кој ќе ја понуди на концесија мрежата на ЕСМ. Со ова Владата, како сопственик на компанијата, ја исклучува можноста да го купи пакетот софтвер и хардвер, што го нуди „Самсунг“, а кој чини околу 200 милиони евра.
СО НОВИОТ СИСТЕМ ЕСМ БИ ВРЕДЕЛО ДВОЈНО ПОВЕЌЕ
Со новиот проект за дигитализација, ЕСМ ќе го сведе на минимум дивото приклучување струја со што ќе ги намали загубите, кои сега одземаат околу 30 отсто од профитот на компанијата. Бошевски смета дека, на овој начин ќе се зголеми наплатата и ќе ја направи максимално ефикасна. Доколку ЕСМ сега го има овој систем нема да користи ниту работници да исклучуваат струја на бандери, со што значително ќе заштеди и на бројот на вработените.
– Да го има инсталирано системот компанијата пред продажба ќе вреди барем двојно повеќе од сега – изјави Бошевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

