Свет
Приходите на Црвенковски и Груевски – тајна
Во Управата за јавни приходи велат дека согласно Законот за даночна
постапка имаат обврска за заштита на личните податоци и не смеат ниту да
информираат дали Претседателот, премиерот и останатите јавни функционери
поднеле годишни даночни пријави
ПРЕМИЕРОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕМААТ ОБВРСКА ЈАВНО ДА ОБЈАВАТ КОЛКУ ЗАРАБОТИЛЕ
ЛАНИ
Во Управата за јавни приходи велат дека согласно Законот за даночна
постапка имаат обврска за заштита на личните податоци и не смеат ниту да
информираат дали Претседателот, премиерот и останатите јавни функционери
поднеле годишни даночни пријави
Вкупните годишни приходи на претседателот на државата, на премиерот и на
останатите јавни функционери се тајна за македонските граѓани. Ниту
Претседателот, ниту премиерот и останатите јавни функционери немаат законска
обврска да ги објават вкупните годишни приходи во нивното семејство, како и
колкав персонален данок платиле за изминатата година. Во Управата за јавни
приходи велат дека согласно Законот за даночна постапка имаат обврска за
заштита на личните податоци и не смеат ниту да информираат дали овие јавни
функционери потполниле годишни даночни пријави.
Во Управата за јавни приходи велат дека како и сите граѓани кои лани оствариле
дополнителни приходи покрај месечната плата или пензија, и функционерите до 15
март имаа обврска да потполнат даночни пријави. Податоците од овие пријави ќе
бидат обработени до 15 мај. Но од УЈП велат дека не подговуваат посебна
евиденција за функционерите. Според Управата податоците за нивните приходи се
тајни како и за секој друг даночен обврзник.
Пред десетина дена американскиот претседател Џорџ Буш поднесе отчет пред
американските граѓани. Белата куќа официјално соопшти колкави биле вкупните
годишни приходи на американскиот претседател Џорџ Буш и неговата сопруга Лора
(од платата и од приватните инвестиции) како и колкав персонален данок платил.
Од УЈП велат дека македонските политичари имотот и промените во имотот ги
пријавуваат во анкетните листови кај Антикорупциската комисија. Законската
регулатива дозволува јавноста да sирне во овие анкетни
листови.
Од Државната комисија за спречување на корупцијата не се согласуваат со
објаснувањето од УЈП дека одговорот треба да се бара во анкетните листови. Според
Комисијата анкетните листови согласно Законот за спречување на корупцијата се
потполнуваат на почетокот на стапување на некоја функција и при напуштањето на
таа функција. Функционерот има обврска да ја пријави секоја промена на имотот
вредна над 20 просечни плати. Но, тоа не се годишни извешати за вкупните
приходи на функционерот и неговото семејство. Според нив потребни се измени во
Законот за даночна постапка.
"Логично е функционерите да поднесуваат ваков отчет пред граѓаните. За тоа
да се постигне сметам дека е потребно да се интервенира во законот и јавните
функционерите да се иземат од останатите даночни обврзници", велат во
Антикорупциската комисија.
Професорот д-р Живко Атанасовски вели дека не секоја држава е транспарентна
како Америка. УЈП согласно домашните закони ја штити тајноста на податоците и
има обврска да го спречи одливот на тие податоци особено во делот на приватните
приходи. Според професорот д-р Атанасовски би требало да постои јавност во оној
дел каде станува збор за приходи од буџетот. Според него јавните функционерите,
особено Владата, не треба да ги кријат овие податоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

