Свет
Правобранителот Димов тврди дека е невин
Поранешниот заменик-јавен правобранител
Никола Димов, кој со велешкиот судија Благоја Анѓушев е обвинет за несовесно
постапување во службата во случајот со продажбата на Офицерскиот дом во Велес, тврди
дека е невин.
СЛУЧАЈ „ОФИЦЕРСКИ ДОМ“ ВО ВЕЛЕС
Поранешниот заменик-јавен правобранител
Никола Димов, кој со велешкиот судија Благоја Анѓушев е обвинет за несовесно
постапување во службата во случајот со продажбата на Офицерскиот дом во Велес, тврди
дека е невин.
– Во обвинението во случајот со продажбата на Офицерскиот дом во Велес, двата
битни елемента – направена штета и корист – не постојат, така што не постои
ниту делото и се чувствувам невин – вели Димов.
Тој објаснува дека постапувал според правилата на службата, го штител интересот
на државата и за сите негови постапки биле информирани неговите надлежни.
Димов и Анѓушев, кои беа и во притвор, се товарат дека во мај 2005 година му
овозможиле на Кољо Мечкаров противправно да го купи домот. Мечкаров, како
најповолен понудувач на јавната лицитација, за објектот требало во рок од осум
дена да уплати 224.000 евра, но тоа не го направил.
Димов вели дека судскиот процес со кој продажбата на Офицерскиот дом беше
вратена на почеток е почнат по негово барање, за што поседува и документација.
Тој негира дека не постапил по дописите на Министерството за одбрана, кое
неколкупати барало од него да поднесе жалба до Апелација за првостепената
одлука на судот.
– Откако Офицерскиот дом беше даден во владение на Мечкаров, од МО побарав
написмено мислење како да постапам во понатамошната постапка и дали да поднесам
жалба, како правен лек. Од таму добив само потврда дека моето писмо е добиено и
ништо повеќе, дали и како треба да постапувам – вели Димов.
Истото барање МО го препратило до Владата, која исто така не доставило мислење
до Јавното правобранителство. По извесно време МО до Никола Димов, како адвокат
на државата, сепак испратило барање по кое тој постапува. По ова, а по барање
на Димов, во Основниот суд во Велес почна нов судски процес, кој заврши со
пресуда со која продажбата на Офицерскиот дом е оспорена.
Судењето во Скопје
Судскиот процес против Анѓушев и Димов во случајот со продажбата на
Офицерскиот дом во Велес ќе се води во Основниот суд Скопје 1. Вака одлучил
Апелацискиот суд во Скопје прифаќајќи го барањето на предметниот судија Снежана
Николовска од Основниот суд Велес, која побарала пренесување на месната
надлежност од колегијални причини.
Мечкаров во велешкиот суд повел судски спор
бидејќи Владата ја поништила лицитацијата.
(П.П.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

