Свет
Нови тужби и обвинувања во случајот со „Јака табак“
Тргувањето со акциите на „Јака табак“ влегува во нова фаза. Гастарбајтерите од
Америка, Мито и Ване Бојчеви, кои тврдат дека се жртви на измама тешка повеќе
милиони евра
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Тргувањето со акциите на „Јака табак“ влегува во нова фаза. Гастарбајтерите од
Америка, Мито и Ване Бојчеви, кои тврдат дека се жртви на измама тешка повеќе
милиони евра, од страна на нивни блиски пријатели, преку нивниот адвокат Звонко
Давидовиќ, до судот во Струмица достави ново барање за проширување на
истрагата, со која досега беа опфатени Загорац Тумбовски и Блаже Србиновски.
Супсидијарната тужба Мито Бојчев ја насочува кон некогашните негови блиски
соработници Здравко Тумобвски и Ѓорѓи Теневски. Станува збор за поранешниот
директор на ШИК „Плачковица“ и на „Јака табак“. Според тужбата, Тумбовски е
осомничен за измама, даночно затајување и за злоупотреба на службената положба,
а Теневски за даночно затајување, измама и фалсификување исправа.
Во наводите на тужбата стои дека Мито Бојчев на 25
октомври 2005 година, при случајна посета на Македонија, утврдил дека акциите
кои се воделе на негово, но и на име на ШИК „Плачковица“ биле продадени. Со
тужбата се тврди дека Мито Бојчев никого не овластил да тргува со неговите
акции, а дека подоцна разбрал оти неговите партнери и Теневски подигнале
парични средства од „Јака табак“ кои ги упатиле во Тутунска банка, со што дошло
до ослободување на акциите на ШИК „Плачковица“ и нивно ставање на трето лице.
Со тужбата се објаснува и тргувањето со 25.017 акции кои биле сопственост на
Мито Бојчев, односно трансакцијата во која биле вклучен извесен Владимир
Богоевски и адвокатот Левко Таневски, кој, пак, пренел 533 акции на името на
македонскиот бизнисмен во САД, Крсте Блажевски.
Каква ќе биде разврската по оваа тужба најверојатно ќе се знае во почетокот на
јуни за кога е потврдено враќањето на Мито Бојчев во државава и негово давање
исказ, во својство на оштетен, пред истражниот судија во Основниот суд во
Струмица.
Додека Тумбоски и Блаже Србиновски го очекуваат Мито Бојчев да се појави во
струмичкиот суд, за овој случај свое видување има и братот на спомнатиот Крсте,
Роберт Блажевски. Според кажувањата на Роберт, тој и неговиот брат Крсте во
речиси сите бизниси настапуваат заеднички, а така било и кога се купувал
мнозинскиот пакет акции во „Јака табак“.
„Јас и брат ми Крсте влеговме со 1,1 милион американски долари, а Мито Бојчев,
како наш ортак влезе со 700.000 долари. За да дојдеме до идеална половина тој
планираше нешто да продаде за да влеземе со идеална половина од малку над
960.000 долари. Кога го зедовме мнозинскиот пакет од над 50 отсто, подигнавме
два кредита. Едниот кредит го вративме во договорениот рок, а за таа цел беа
заложувани акциите што ги поседувавме. Мито се обидуваше да издејствува кредит
во Тутунска и Алфа банка, но беше одбиен. Брат му Крсте испрати 900.000 долари
и акциите беа ослободени, а Бојчев и Теневски и натаму бараа пролонгирање на
рокот за враќање на кредитот“, вели Роберт Блажевски.
Тој тврди дека Мито Бојчев ја купил ШИК „Плачковица“ за 300.000 долари и со
енормно висок дисконт, иако проценетата вредност на оваа компанија, наводно,
била тогашни четири милиони германски марки. Станува збор за фирма со 10.000
квадратни метри покриен простор во вид на магацини и хали и уште 50.000
квадратни метри простор. Само по три месеци Бојчев зел кредит во висина од
300.000 евра, а наводно во залог била ставена самата фирма. Постојат одредени
тврдења според кои Бојчев изнел стока од компанијата и дека за неа не платил, а
за овој случај во Народна банка се води постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Фокс њуз открива“: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина
Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава „Фокс њуз“.
„Фокс њуз“ во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.
Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до која имал пристап „Фокс њуз“, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.
Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс рече дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.
Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја поради што понекогаш се појавуваат разни бројки за американската помош за Киев.
Регион
Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми
Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење по исчезнувањето на девојчето. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски „Блиц“.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски „Информер“.
„На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“, рекол изворот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ мајката трипати го фотографирала детето од разни агли.
Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на својата исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира бргу, изјави Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција, за „Телеграф.рс“.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока бидејќи ја проверува секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
„Би можело да биде сè, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата“, вели Ницовиќ за српски „Телеграф“.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четвртиот ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде што последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија, пристигна тешка механизација, која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.