Свет
И полицајци муштерии кај Бугарките
Бугарскиот конзул вчера ги посетил бугарските државјанки фатени во рацијата
во мотелот во кој работеле како келнерки и танчерки и ги охрабрувал да
соработуваат со македонската полиција во истрагата
ПРИ РАЦИЈАТА ВО МОТЕЛОТ ВО ЖЕРОВЈАНЕ
Бугарскиот конзул вчера ги посетил бугарските државјанки фатени во рацијата
во мотелот во кој работеле како келнерки и танчерки и ги охрабрувал да
соработуваат со македонската полиција во истрагата
Тројца полицајци, од кои едниот со туѓ полициски беџ во раката, биле
затекнати во полициската рација во ноќниот бар "Ориент АС", кога пред
неколку дена беа откриени 11 странски државјанки, кои таму работеле нелегално како
келнерки и танчерки. Полицајците се идентификувани при претресот на гостите.
Пиеле пиво кога упаднале нивните колеги. Полициски извори велат дека во тој
момент тие не биле на должност, но ги носеле и ги покажувале полициските
значки, што е против полициските прописи.
МВР посебно ќе го испитува овој сегмент од случајот, зашто злоупотреба на
полициската значка е казниво според полицискиот правилник. Нашите извори велат
дека инспекторите ќе се занимаваат и со тоа дали нивните колеги знаеле за
нелегалниот бизнис во "Ориент АС", дали користеле секс-услуги од
девојките што газдата ги криел во бункер, а не го пријавиле тоа.
За тоа кој се бил како гостин и кој користел секс-услуги во барот "Ориент
АС", полицијата очекува да добие податоци од запленетиот компјутер во
локалот, откако налог за вештачење ќе даде надлежниот истражен судија. Како и
повеќето угостителски објекти, и овој ноќен бар имал поставени видео-камери, од
безбедносни причини. Но, покрај евидентирањето на гостите кои влегувале,
престојувале и излегувале од локалот, според прогнозите на инспекторите, можно
е да има и видео снимки од гостите додека користеле секс услуги.
Неофицијално, за поатрактивните девојки муштериите плаќале 5.000 денари за
сеанска. Орален секс чинел 50 евра без кондом и 20 евра со кондом. За играњето
на шипка се плаќал само бакшиш, кој потоа солидарно бил делен: педесет отсто си
делеле танчерките, апедесет отсто земал газдата.
"Очекуваме дека по извршеното вештачење на материјалот во запленетиот
компјутер, ќе добиеме нови докази, кои се од системот за видео надзор, кој бил
внатрешно инсталиран во објектот ‘Ориент-АС’ од Жеровјане", изјави вчера
министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која заедно со бугарскиот
конзул и бугарското полициско аташе во Македонија ги посети и разговараше со
23-те девојки, колку што вкупно евакуираше полицијата во двете последни рации
во ноќните барови во реонот на Гостивар и Тетово. Меѓу овие девојки имало и
една малолетничка.
Покрај Јанкуловска, бугарскиот конзул иполицискиот аташе на бугарската амбасада
во Скопје вчера ги охрабрувале бугарските државјанки да не се плашат и пред
судот да сведочат како дошле во Македонија, што им се случувало во барот во
Жеровјане, како биле третирани, на што се биле принудени да работат, кој ги
наведувал на проституција… Конзулот им укажал на деветте Бугарки и дека ако
соработуваат со овдешните полициско-судски органи, по затворањето на случајот,
ќе си се вратат достојно дома. Но, ако не го победат стравот и не сведочат, по
враќањето во Бугарија, според тамошните закони, ним ќе им бидат одземени
пасошите пет години, за да не може да ја напуштат земјата и да не ја брукаат
повторно во странство.
Околу објектот каде што се сместени девојките од Жеровјане може да се забележи
силно полициско обезбедување со автоматско оружје. Дознаваме дека имало повеќе
јавувања со барања и закани, но и со молби некои девојки да бидат пуштени,
затоа што наводно клиентите биле вљубени во нив. Истрагата треба да утврди дали
некои од клиентите навистина се вљубувале, или тоа е само финта за да се покаже
дека тие не биле жртви на сексуално и трудово малтретирање, туку биле
љубовници. Наводно, некои дури сакале и да ги венчаат.
Во прифатниот центар девојките треба да се привикнат на новите услови за живот.
Некои не сакале да ги предадат шминките, а танга гаќичките и чипкани градници
мораат да ги заменат со памучна долна облека.
Вчера Јанкуловска информираше дека во Транзитниот центар – Скопје моментално се
згрижени вкупно 46 лица, од кои 23 девојки се жртви на трговија со жени, десет
се имигранти од Кина, има тројца имигранти од Ирак, едно лице од Индија, уште
три од Турција, едно лице од Доминиканската Република и три деца, Ромчиња од
Србија.
Таа рече дека внатре биле присутни инспекторите кои интензивно работат на
формирањето кривичен предмет против организаторите на шверцот на девојките,
како и против макроата и сите вклучени лица во тој криминал. Присутни
биле и истражен судија и обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

