Свет
Раштанската четворка на суд ќе бара 8 милиони евра
Ако Министерството за три месеци не ги извести странките дека, сепак, нема
место за спогодба во постапката за вонсудско договарање, тие имаат право
отштетата да си ја бараат по судски пат, вели министерот Маневс
НЕМА ВОНСУДСКО ДОГОВАРАЊЕ ЗА ОТШТЕТА НА ОСЛОБОДЕНИТЕ ОД "РАШТАНСКИ
ЛОЗЈА"
Ако Министерството за три месеци не ги извести странките дека, сепак, нема
место за спогодба во постапката за вонсудско договарање, тие имаат право
отштетата да си ја бараат по судски пат, вели министерот Маневс
Министерството за правда и четворицата ослободени за случајот
"Раштански Лозја" – Горан Стојков, Митко Кикереков, Бобан Утковски и
Александар Цветков, дефинитивно нема да преговараат околу осумте милиони евра
што четворицата ги бараат како обесштетување за поминатите 360 дена во притвор.
Министерот за правда Михајло Маневски вчера ни изјави дека побарувањето по два
милиона евра од оштетен е сепак многу голема сума за државата и дека затоа
Министерството проценило оти нема место за спогодба.
Генералот Стојков, со кого разговаравме вчера, рече дека за едностраната одлука
на министерот не биле запознаени ни тој, ниту Утковски, Цветков и Кикереков,
ниту пак нивниот адвокат, кој со месеци чекал официјална одлука или
предлог-сума од Министерството за правда, како компромис во вонсудската
постапка.
Маневски објаснува дека Министерството во вакви случаи не е должно да ја
извести другата страна. "Ако за три месеци Министерството не прати никакво
известување, или не успее да се договори по вонсудски пат со другата страна,
според законот, оштетените имаат право парите да си ги бараат по судски
пат", објаснува Маневски.
Стојков вчера најави дека после ова до надлежниот Основен суд Скопје 2 ќе
поднесат тужба против државата за бесправно поминати 360 дена во притвор, со
која регуларно ќе си ја бараат истата сума како отштета.
"Ќе ги дадат парите, ако треба и по налог на Меѓународниот суд за човекови
права во Стразбур", вели Стојков и додава дека државата треба да плати за
она што им го сторила нему и на тројцата некогашни старешини и колеги од МВР.
"Добиените пари како обесштетување, до денар ќе ги доделам на децата на
загинатите бранители и тоа ми е дополнителна причина да се борам да ги
добијам", одлучен е Стојков.
(С.К.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска започнаа најголемите избори во светот, а околу 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарди жители. Гласачите всушност не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави Дојче веле.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиски сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формираше сојуз од 28 партии наречен Индискиот национален развој инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира откако ќе се разјасни неговата природа.
– Во секој случај, без разлика на се, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејствија што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот – рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала Шахед од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.