Свет
Обвинителството работи на обвинение за спортските сали
Скопското обвинителство подготвува обвинение за
проектот 35 спортски сали против Игор Ѓорѓиевски, поранешниот директор на
Агенцијата за млади и спорт и уште шестмина други. Станува збор за истите сали
што сегашната влада сака да ги доизгради.
ВЛАДАТА
САКА ДА ДОИЗГРАДИ
Скопското обвинителство подготвува обвинение за
проектот 35 спортски сали против Игор Ѓорѓиевски, поранешниот директор на
Агенцијата за млади и спорт и уште шестмина други. Станува збор за истите сали
што сегашната влада сака да ги доизгради.
Предметот, како што ни потврди самиот Ѓорѓиевски, е се уште на вештачење. Врз
база на наодите на вештачењето, скопското обвинителство ќе реши дали ќе покрене
обвинителен акт или не. Основа за обвинението е ревизорски извештај на куќата
„Македонски ревизорски центар” (МРЦ), од октомври лани.
– Тоа е процес почнат од политички причини. Сопственик на таа ревизорска куќа е
Петра Митева, која тогаш беше и директор на Управата за јавни приходи – вели
Ѓорѓиевски, кој сега работи во Градското собрание на Скопје.
Покрај него, истрагата се води и против директорот и сопственикот на фирмата
изведувач на градежните работи за спортските сали „Мак импорт”, иако тие двајца
во меѓувреме починале. На мета бил и Игор Костовски, координатор на надзорната
група за салите, како и двајца директори, едниот од „Електро Скопје”, а другиот
од „Македонија пат”.
„Македонски ревизорски центар” во својот извештај, тврделе дека била пробиена
сумата наменета за салите, немало неопходна документација за изградба и не биле
извршени технички приеми на делумно изградени сали, како и други неправилности.
За салите биле предвидени 300 милиони денари, а потрошени биле плус 88 милиони
и требало да се изградат за шест месеци.
Ѓорѓиевски, посочува дека претходно бил ангажиран Државниот завод за ревизија,
но тие не нашле никаков проблем.
– Истрагата против мене се прави со прикривање на документи. На пример отфрлена
жалба од други изведувачи, од страна на второстепената владина комисија. Јас
тој документ неодамна го најдов, во архивот на Агенцијата за млади и спорт.
Воопшто не и бил презентиран на истражната судијка Весна Босотова, која ја води
истрагата – реагира Ѓорѓиевски.
За вишокот потрошени пари, Ѓорѓиевски објаснува дека било потребно да се
направат трибини, платна и да се прошират салите.
– Да останеше ВМРО –ДПМНЕ на власт во 2002 година, салите ќе беа изградени и
функционални.Наместо тоа, СДСМ ги остави да скапуваат. Дури и салата во
Велгошти во Охрид, која сосема беше завршена не беше користена, ниту одржувана,
и сега се распаѓа. Треба да се има предвид дека и непреземање определени мерки
од страна на надлежен орган може да се квалификува како злоупотреба на
службената положба – вели Ѓорѓиевски.
Поради презафатеност, Стерјо Зиков, скопскиот обвинител, не стигна да ни
одговори дали е готово вештачењето за овој предмет.
НОВО СЕЛО СТРУМИЧКО
Го искрадоа
материјалот за спортската сала
Спортската сала на излезот од Ново Село, Струмичко, која почна да се гради пред
пет години, е на удар на несовесните граѓани кои градежниот материјал го носат
во своите дворови. Изградбата на салата почна со одлука на владата на Љубчо
Георгиевски, а завршени се само половина од градежните работи.
Од локалната самоуправа на Ново Село, велат дека средства за нејзината изградба
се обезбедени од Агенцијата за спорт и млади, а локалната самоуправа
инвестирала само околу изградбата на пристапен пат до неа. Но, иако спортската
сала почнала да се гради и е покриена со кровна конструкција, а обезбеден е и
пат до неа, сепак не била завршена до крај.
– Таа е во надлежност на Агенцијата за спорт и млади преку која беа објавени
тендерите за градежните материјали и изведбата. Но, делот што се изгради, почна
и да се руши, а дел од материјалот, бидејќи никој не се грижи за него, до денес
е украден – вели Панче Стојанов, од локалната самоуправа на Ново Село.
Спортска сала требаше да се гради и во село Куклиш, на неколку километри од
Струмица, но таа остана само на хартија. За нејзината изградба се обезбедени
само челични конструкции, кои со години стојат на местото каде треба да се
гради салата.
Во општина Струмица, немаат речиси никакви сознанија зошто досега не заживеа
изградбата на спортската сала. Администрацијата на поранешната општина Куклиш
од 2005 година е припоена кон општина Струмица.
Сега, со одлука на Владата на Никола Груевски ќе се гради фудбалско игралиште
кај спортската сала, во паркот на градот, и ќе се возобнови изградбата на
истата спортската сала во Куклиш. Неодамна, советот на локалната самоуправа на
Струмица донесе одлука за ослободување од плаќање комунални такси, при
користењето на овие спортски објекти.
С.Џ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.