Свет
Дозволено рекламирање цигари
Законот строго забранува какво било рекламирање, а цигари се рекламираат на
секој чекор, па дури тутунските компании промотивно ги делат на подвижни
промотивни пунктови кои ги поставуваат во парковите, трг
ПАЗАРИШНАТА ИНСПЕКЦИЈА НЕ ГО ФЕРМА ЗАКОНОТ
Законот строго забранува какво било рекламирање, а цигари се рекламираат на
секој чекор, па дури тутунските компании промотивно ги делат на подвижни
промотивни пунктови кои ги поставуваат во парковите, трг
Никој не ги отстранува од јавни места паноата, билбордите и плакатите со
реклами на познати тутунски брендови, иако веќе неколку години во Македонија со
закон строго е забрането секаков вид рекламирање на цигари. Заштитни знаци на
тутунски производи се изложени и во ресторани и во кафулиња. Ги има на
пепелници, на подметки за под чаши, на чадори за сонце, па дури и на менија на
кои се нудат пијалаци и храна. Цигари се рекламираат и продаваат на секој
чекор, па дури и на културни и спортски манифестации. Тутунските компании ги
нудат преку подвижни промотивни пунктови кои ги поставуваат во парковите,
трговските центри и на плоштадите, па дури и во близина на училиштата низ
Македонија.
Од Државниот пазариштен инспекторат велат дека последните пет месеци имало само
5 прекршочни пријави за непочитување на забраната за рекламирање. "Сите
пријави се од Тетово и се однесуваат на директно рекламирање преку подвижни
пунктови. До сега нема ниту една пријава за други видови рекламирање, а
инспекторите работат по пријава на граѓани", вели Владимир Кочовски,
директор на Државниот пазариштен инспекторат.
Според него, за непочитување на забраната за пушење и за условите кои треба да
ги исполнуваат угостителските и другите објекти изминатата половина година
инспекцијата издала вкупно 408 решенија. Од нив 195 се за прекршочна, а 215 за
управна постапка.
Извори од Пазаришната инспекција, пак, велат дека инспекторите си ја вршат
работата, но спроведувањето на законот потфрлило поради притисоците на тобако
босовите. Кога и да сакале да казнат некоја од компаниите што нелегално се
рекламира, инспекторите добивале предупредувања да се откажат од намерата.
Ивица Боцевски, портпарол на Владата, вели дека нема оправдување за државните
службеници оти со доаѓањето на оваа владина гарнитура поминало времето кога
инспекцијата не можела слободно да го спроведува Законот.
"Политиката на оваа Влада е нулта корупција и нулта толеранција на
корупцијата, како и на сите останати девијантни појави и вон институционални
форми на притисок и слично од политичко олигархиски структури. Ако постојат
какви било наоди од тој тип тие ќе бидат отстранети и истражени", изјави
Боцевски.
Од Министерството за економија велат дека надлежни за спроведување на Законот
се повеќе инспекторати, но главна одговорност во однос на рекламирањето има
Пазаришниот инспекторат.
"Инспекторатот треба да дејствува по сознанија, но поради претрупаност со
надлежности приоритет им дава на пријавите. Ќе има една заедничка средба со
сите инспектори од Македонија за да им се каже дека треба да обрнат повеќе
внимание на овие прекршоци", вели Сузана Праниќ, шеф на кабинет во
Министерството за економија.
Со Законот за заштита од пушењето кој е во сила од пред две години се забранува
рекламирање на цигари и нивните заштитни знаци во печатот, телевизијата,
радиото, филмот. Забрането е рекламирање и преку спонзорства, на облека и други
предмети како и индиректна реклама. Казната за фирмите и претпријатијата кои
нелегално се рекламираат е од 100.000 до 250.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.