Свет
„Технометал“ го плати печатењето на програмата на Пенов
„Технометал – Вардар“ на 28 февруари плати 831.428 денари (околу 13 илјади евра) за печатење на изборната програма на Ристо Пенов, кандидатот за скопски градоначалник од коалицијата „Заедно“.
„Технометал – Вардар“ на 28 февруари плати 831.428 денари (околу 13 илјади евра) за печатење на изборната програма на Ристо Пенов, кандидатот за скопски градоначалник од коалицијата „Заедно“.
Парите се директно уплатени на сметка на печатницата, наместо да легнат на жиро-сметката на организаторот на кампањата на Пенов. Оваа фирма во септември 2003 година беше избрана на тендерот како најдобар понудувач за каменот за скопскиот плоштад.
Во „Технометал“ негираат дека имаат никаква врска со кампањата на скопскиот градоначалник.
– Тоа не е вистина. Немаме никаква врска со пропагандниот материјал на Пенов. Тоа се шпекулации што веројатно се продуцирани поради тоа што нашата фирма учествуваше во реконструкцијата на плоштадот Македонија, како набавувач на каменот од Босна – вели член на Управниот одбор на „Технометал“.
Во штабот на Пенов, пак, одбиваат да дадат информации колку чини печатењето на брошурата, кој ја финансирал и во колку примероци е отпечатена. Андреј Жерновски, шеф на изборниот штаб, најавува отчет по завршувањето на кампањата, бидејќи смета дека станува збор за дезинформации што ги пласира штабот на Трифун Костовски.
– Тој се обидува да ја прикрие својата немоќ бидејќи се кандидирал за функција за која нема никакви познавања. Јас би сакал да прашам кој ја платил и колку чини печатењето на програмата на Костовски. Ама не можам да го поставам тоа прашање, бидејќи Костовски нема програма – вели Жерновски.
Тој вели дека извештајот за финансиското работење за време на кампањата се дава до надлежните институции по завршувањето на изборите и ветува дека штабот на Пенов ќе се оправда за средствата што ги потрошил.
При реконструкцијата на централниот плоштад во Скопје беа поплочени околу 15 илјади квадратни метри, со камен што го набави „Технометал“ од рудникот Јабланица во БиХ. Оваа фирма беше избрана на тендер, на кој се јавија седум понудувачи. Градските власти тогаш соопштија дека не е одбрана најповолната понуда, туку таа што нудела најквалитетни услуги, вклучувајќи ги и специфичната обработка и поставувањето на каменот. Понудите биле од 75 милиони до 96 милиони денари. „Технометал“ понудил 96 милиони денари.
Васил Тупурковски, лидерот на ДА, неделава обвини дека Пенов од старт ја прекршил законската одредба за финансирање на кампањата, пробивајќи го плафонот од 15 денари по запишан гласач. Штабот на Тупурковски пресметал дека над дозволените се потрошени околу 6,5 милиони денари. Пенов истакнал 300 билборди, закупил штаб во строгиот центар на Скопје, а неговите спотови најчесто се прикажувале на телевизиите.
А. М. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје
Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција, коментирајќи ги изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготвеноста на Киев за „енергетско примирје“.
„Одржливиот, загарантиран, долгорочен мир, постигнат со потпишување на релевантните документи, е апсолутен приоритет“, рече Песков, пренесува Спутник.
Кремљ ќе следи како ќе се развива ситуацијата по објавата на Зеленски за неговата подготвеност да одржи претседателски избори, рече Песков и нагласи дека неговата изјава за неговата подготвеност да одржи претседателски избори е „сосема нова“, додека рускиот претседател Владимир Путин долго време зборуваше за потребата од тоа.
Фото: депозитфотос
Свет
Канцеларијата на ОН за човекови права едвај преживува поради недостаток на донации
Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека неговата канцеларија „едвај преживува“ поради големото намалување на финансирањето од глобалните донатори, додека кршењата на правата и потребите во областите погодени од војната се зголемуваат.
„Нашите ресурси се намалени, заедно со финансирањето за организациите за човекови права – вклучително и оние на локално ниво – низ целиот свет. Едвај преживуваме“, изјави Турк за новинарите.
„ОХЦХР има 90 милиони долари помалку за своите потреби оваа година, што резултираше со отпуштања на 300 вработени, што директно влијае на работата на канцеларијата“, рече Турк.
„Суштинската работа мораше да се намали, вклучително и во Колумбија, Демократска Република Конго, Мјанмар, Тунис и други земји во време кога потребите растат“, додаде тој.
Тој рече дека посетите на земјите од страна на специјалните известувачи на ОН, кои се независни експерти, се намалени, како и мисиите за утврдување факти од страна на телата за утврдување факти, додека дијалозите со државите за нивното почитување на договорите за човекови права на ОН мораа да се одложат.
„Сето ова има широк ефект врз меѓународните и националните напори за заштита на човековите права“, рече Турк.
САД, убедливо најголемиот донатор на ОН, се повлекоа од ОХЦХР оваа година под администрацијата на Доналд Трамп.
фото/депозитфотос
Свет
Украински генерал: Обновивме делови од Покровск
Украина, според сопствените тврдења, обнови делови од градот Покровск. Според врховниот командант Олександр Сирски, украинските трупи сè уште се борат против масовни руски напади.
Одбраната на Покровск продолжува, рече Сирски.
Од средината на ноември украинските трупи вратија речиси 13 од вкупно 29 квадратни километри од градот. Според „Киев индепендент“, украинските сили наводно дополнително го зајакнуваат своето присуство во регионот.
Сирски потврди дека украинските единици морале да се повлечат од позиција од пет до седум километри надвор од Покровск, каде што руските трупи почнале силно да напредуваат. Одбраната на тие позиции повеќе не била ефикасна, рече тој. Во последните денови и недели беше објавено дека градот е претежно опкружен со руски трупи, кои наводно контролираат 95 проценти од градот.
Во исто време, Сирски тврди дека соседниот град Мирноград не е опколен од руските сили, иако логистичкото снабдување е сè потешко. Сепак, функционер на НАТО процени поинаку, според извештајот на „Украинска правда“, во кој се тврди дека градот е опколен од руски војници.
Фото: депозитфотос

