Свет
Конгресот на САД одобри 70 млд. долари за Ирак и Авганистан
Американскиот Конгрес одобри 70милијарди долари за воени операции во Ирак и Авганистан, без намера да гонамали бројот на своите сили во Европа.
Американскиот Конгрес одобри 70 милијарди долари за воени операции во Ирак и Авганистан, без намера да го намали бројот на своите сили во Европа. Оваа одлука ги разочара демократите кои со месеци се обидуваат да го изменат курсот на воена политика на претседателот Џорџ Буш. Американските сенатори, во меѓувреме, изразија жалење бидејќи се уште не ги добиле бараните детали за уништување на видео-снимката на ЦИА од сослушувањето на обвинетите за тероризам. Од друга страна, Министерството за правда тврди дека објавување на дополнителни информации би можело да фрли “сенка“ на целото одделение, и да ја доведе во прашање целата истрага./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.