Свет
Затворот не треба да се откупува со пари
Експертите бараат повлекување на Кривичниот законик, бидејќи мислат дека тоа е скандалозно Од Црвенковски се бара да стави вето на замената на затворската казна со глоба
Експертите бараат повлекување на Кривичниот законик, бидејќи мислат дека тоа е скандалозно Од Црвенковски се бара да стави вето на замената на затворската казна со глоба
Гордана Дувњак
Замената на затворската казна до една година со парична казна е скандалозно решение, кое не само што не е применливо во практиката туку е и неконзистентно. Доколку ваквото решение и натаму остане во сила, тоа ќе стане привилегија само на богатите, кои и онака ги нема многу во затворите, но нема да доведе до намалување на бројот на затвореници, што беше главниот аргумент на законодавецот. Ова е став на Здружението за кривично право и криминологија, како и на учесниците на советувањето што се одржа викендов во Охрид, каде што жестоко биле критикувани неодамна донесените дополнувања на Кривичниот законик, кои во Собранието поминаа незабележано од пратениците и речиси без расправа. За новото решение, кое по предлог на Владата и на Министерството за правда е донесено по итна постапка, не се консултирани ниту науката ниту практичарите. Затоа, Здружението бара од претседателот на државата, Бранко Црвенковски, да стави вето на законот, а од Министерството за правда да понуди нов текст. За денес е закажана средба во ресорното министерство, на која се повикани претставници од Врховниот суд, Обвинителството и Правниот факултет, со цел да се соочат аргументите и да се изнајде натамошно решение.
Претседателот на Здружението за кривично право и криминологија, д-р Владо Бучковски од Правниот факултет, вели дека на средбата во Охрид Ј било предложено на министерката за правда, Мери Младеновска, да го повлече спорниот законски текст, бидејќи тој едноставно е неприменлив во практиката и нема да ја оствари целта.
„Предложеното решение има проблеми со формулациите и содржи нејасни одредби. Во текстот се вели дека „повисокиот суд може по барање на сторителот на кривично дело ако е изречена затворска казна до една година, да ја замени со парична казна”, но не се кажува на кој повисок суд се однесува. Не е јасно ниту во која форма ќе се врши замената на затворската казна. Законот е неконзистен, бидејќи не е усогласен ниту со Законот за кривична постапка”, смета професорот по кривично право, д-р Никола Тупанчевски.
Слично размислуваат и заменик-државниот јавен обвинител, Роксанда О. Крстевска, како и врховниот судија, Драган Тумановски, кои на стручниот собир во Охрид изнеле куп забелешки за скандалозното решение, но и стручни аргументи, зошто изгласаните законски дополнувања треба да се повлечат и да се понуди издржан текст, кој ќе помине поширока јавна расправа.
Експертите се уверени дека законот нема да го помине ни тестот на Уставниот суд, бидејќи е неуставен и установува правна нееднаквост. Клучната дилема и за науката и за практичарите е дали треба да се менува казнената политика за само 189 затвореници, кои издржуваат затворска казна по прв пат до една година, а со кои Министерството за правда сака да го намали вишокот во затворите, но и да го наполни државниот буџет?
Ако секој затворски ден се замени со парична казна во висина на дневната глоба, при што бројот на дневните глоби за секој изминат ден затвор што се заменува не може да биде помал од 50 дневни глоби, колку што треба да плати еден затвореник за да биде ослободен цели 365 дена. Експертите пресметале дека најмалата дневна глоба ќе изнесува околу 50 евра, а можете ли само да замислите колкава ќе биде оваа сума, доколку некој посака да ја помножи неколкукратно и да биде ослободен за сите 365 дена. Станува збор за цифри со неколку нули зад себе, кој ретко кој може да ги плати, а најмалку они што се на издржување на казната за ситни кражби, измами , фалсификување документи, растурање дрога. Што ќе се случи ако осудениот нема пари да плати ?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Во текот на изминатата ноќ, силите на воздушната одбрана на должност пресретнаа и уништија 79 украински беспилотни летала од авионски тип. Вкупно 36 беа над територијата на Ростовскиот регион, 10 над територијата на Брјанскиот регион, 9 над територијата на Курскиот регион, се вели во соопштението на министерството.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин
Свет
Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување
Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.
Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.
Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.
Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.
Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.
Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.
Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.
фото: принтскрин

