Свет
Пациентите два месеца без лекови од "бесплатната" листа
Во градовите каде што државните аптеки веќе се продадени и имаат приватни газди, пациентите од овој месец може да останат без лековите од “бесплатнатата“ позитивна листа
Цехот од некоординираноста во приватизацијата на аптеките ќе го платат граѓаните
Јасмина Јовановска
Во градовите каде што државните аптеки веќе се продадени и имаат приватни газди, пациентите од овој месец може да останат без лековите од “бесплатнатата“ позитивна листа. Ова посебно се однесува за општините каде што има една државната аптека која до пред продажбата беше единствена што работи со рецепти и сини картони. Таков е случајот со Куманово, Струмица, Свети Николе,
Кратово, Радовиш, Крушево, Демир Хисар…
Болните во овие места се оставени на милост и немилост на новите газди дали ќе сакаат да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување за да издаваа лекови на товар на државата. Доколку не го сторат тоа, на пациентите им остануваа само приватните аптеки, меѓу кои е и продадената државна аптека, каде што ќе може лековите само да ги купат од сопствен џеб. Најкритична ќе биде ситуацијата во градовите каде што продадената државна аптека е единствена и нема ниту една приватна аптека. Новиот газда може намерно да тактизира да го избегне фондовскиот договор само да му се продаваат неговите лекови.
Дополнителен проблем е и тоа што периодот за регистрирање на новата приватна фирма е многу кус. Откога се продадени аптеките досега поминаа десетина дена. Знаејќи ја ажурноста на судовите, додека да заврши регистрациската постапка, ќе помине најмалку еден месец и може уште толку за да се склучи договор со Фондот.
Третата можеби и најголема причина за ваквата ситуација е некоординираноста на институциите кои го тераат процесот на приватизација на аптеките. Владата ги продава аптеките, а во Фондот вредноста на издаден рецепт сў уште не е визирана од Управниот одбор. Цехот на крај, сепак, ќе го платат осигурениците кои може да се случи лековите од позитивната листа да им се недостапни најмалку два месеца.
Иако во Фондот не го исклучуваат овој вакуум-период, сепак, сметаат дека нема да дојде до тоа. И да не е извршена пререгистрација на аптеката од државна во приватна, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Никола Пановски, вели дека нема да се дозволи пациентите да останата без фондовските препарати.
“Во почетокот ќе важи стариот договор кој ќе се продолжи привремено, објаснува Пановски, и тоа додека не се продадат сите аптеки. Потоа, ќе се дефинира аптекарска мрежа и на тендер ќе се одреди со која аптека ќе се склучи договорри.
Пановски не верува дека новите газди нема да сакаат да ги прифатат привремените договори, бидејќи за еден издаден рецепт аптеката ќе добива по 20 денари. Вредноста на овој аптекарски бод треба да помине на седница на Управниот одбор идната недела. Доколку, сепак, газдата на продадената аптека одбие да работи со Фондот, договорот ќе Ј биде понудена на друга приватна аптека.
Евентуалните манипулации со лековите од позитивната листа, со што новите газди може да фаворизираат лекови само од одредени фармацевтски куќи и да се наруши системот избор на лек со доплата, првиот фондовец смета дека нема да дојде до тоа, бидејќи на секоја аптека ќе Ј биде интерес да издаде повеќе рецепти.
Приватизацијата на аптеките ќе заврши до средината на мај, најави министерот за здравство, доц. д-р Владимир Димов. Дотогаш треба да бидат продадени сите државни аптеки за кои Владата одлучила да ги продава. Другите ќе останат под закуп. Досега се продадени десет, на ред се оние што функционираат како самостојни, како и “Градски аптекиии – Скопје, која ќе се продава во пакет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“ ,во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детал од овој грозоморен терористички чин во „Крокус“, идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во различни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји , кажа рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот „Феникс“.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за „Билд“ изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
„Наместо таксата за претходна пракса од десет евра од посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра од посета на лекар. Исклучок треба да биде земањето рецепти“, рече Аугурски, пренесува магазинот „Феникс“.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
„Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно“, изјави Грес за „Билд“.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.