Свет
RBS оствари најголемa загуба во британската историја
Ројал Бенк оф Скотланд (RBS) објави дека во 2008 година остварила нето загуба од 24,1 милијарди фунти (27 милијарди евра)
Ројал Бенк оф Скотланд (RBS) објави дека во 2008 година остварила нето загуба од 24,1 милијарди фунти (27 милијарди евра), што е најголема загуба во историјата на една британска компанија.
RBS, која се наоѓа во речиси 70 отстотна сопственост на државата, откако доби огромна помош, најави распродажба на дел од својот голем имот и преструктуирање на активностите на домашниот пазар.
Британската банка претрпе огромни загуби по катастрофалната година, во која се најде на работ на пропаста во услови на светска финансиска криза.
RBS беше принудена да отпише 16,2 милијарди фунти, поради лошата аквизиција со холандската АБН Амбро. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Паника во Лондон: На сред возење извадил нож и избол човек пред патниците
Продолжува потрагата по напаѓачот кој избоде маж во воз пред очите на преплашени патници.
Човекот кој бил нападнат се здобил со повреди опасни по живот во нападот што се случил во јужен Лондон. Засега нема уапсени, а полицијата ги повикува сведоците да дојдат во станицата.
На само тринаесет километри, друга станица е затворена и евакуирана поради дојава за напад со нож. На дел од видеата може да се види како осомничениот вчера шетал по улиците на Лондон носејќи маска, вооружен со голем нож, пренесува „Јутарњи лист“.
Од службите за превоз во Лондон подоцна соопштиле дека метро станицата Кенингтон била затворена поради инцидент со патниците, додека приказните за напад со нож кружеле на социјалните мрежи.
Според медиумите, не се пронајдени врски меѓу инцидентите во Кенингтон и Бекенхем.
Регион
Државниот хрватски инспекторат повлече KitKat чоколада од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе Индекс.хр.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.
Свет
Родителите на Кејт Мидлтон се нејзиниот темел додека таа бори во најтешката животна битка
Во петокот, принцезата од Велс го шокираше светот со веста за нејзината болест.
„Таа има навистина тесен круг на пријатели, особено во Норфолк, таму има многу блиски пријатели“, изјави за странските медиуми за принцезата Кејт Мидлтон, кралскиот експерт Кејти Никол. Таа неодамна и откри на јавноста дека и е дијагностициран рак, по неколкумесечни шпекулации дека нејзината здравствена состојба не е добра, но и дека се повлече од јавноста затоа што нејзиниот сопруг Вилијам ја изневерил.
Никол појасни кој всушност претставува основа на се, во животот на принцезата.
„Нејзиното безбедно пристаниште дефинитивно се нејзините родители, братот Џејмс и сестрата Пипа. Иако не ги гледаме често на заеднички фотографии, тие речиси секогаш се некаде блиску до неа. Тие се апсолутно нејзиниот темел”, рекол тој. Со неговата изјава се согласија и следбениците на социјалните мрежи кои раскажаа како Кејт се дружела со мајка си откако дознала за тешката дијагноза, бидејќи знаела дека може да и каже такви информации, но и дека ќе добие утеха и совет. Нејзините родители ја поддржувале во веројатно најтешките моменти од нејзиниот живот.
Керол и Мајкл Мидлтон добиле олеснување кога слушнале дека ракот е откриен во рана фаза и се чувствувале безбедно бидејќи нивната ќерка е на превентивна хемотерапија.
„Кетрин ќе ги има најдобрите доктори на светот кои ќе ја чуваат, така што таа е во сигурни раце. Керол и Мајкл отсекогаш биле силна двојка и многу приземни. Она што сега го прават е да се здружат и да ја поддржуваат неа, и не само Вилијам и Кејт, туку и нивните внуци“.
Братот Џејмс испрати порака за поддршка на својата постара сестра. Тој објави фотографија кога биле деца и и посвети прекрасни зборови:
„Искачивме многу планини заедно низ годините. Како семејство, оваа ќе ја искачиме со вас.