Свет
Берлускони ги намалува платите на фудбалерите
Сопственикот на фудбалскиот клуб Милан, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, реши следната сезона да ги намали платите во клубот на сите
Сопственикот на фудбалскиот клуб Милан, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, реши следната сезона да ги намали платите во клубот на сите, вклучително и на фудбалерите за 30 отсто.
Според италијанските медиуми, Берлускони следната сезона нема да биде во можност да го обезбеди сегашниот буџет на клубот и веќе му наредил на заменик претседателот на „Росониерите“ Адријано Галијано да ги подготви новите калкулации.
Оваа сезона Милан и Интер имаат најголеми буџети во италијанското првенство, а на плати трошат 120 милиони евра, што е пет милиони евра повеќе од Јувентус.
Доколку фондот за плати во следната сезона се смали за 90 милиони евра, прашање е како на тоа ќе реагираат најголемите ѕвезди. За оние што најмногу заработуваат, како Бразилецот Кака, тоа значи дека следната сезона ќе биде покус за три милиони евра.
Приходите на Милан се намалени поради финансиската криза што го тресе светот, но и поради слабите резултати. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.