Свет
ЕУ самит за економската криза
Лидерите на Европската унија (ЕУ) денеска одржуваат итен самит во Брисел во обид да ги надминат разликите околу справувањето со глобалната криза
Лидерите на Европската унија (ЕУ) денеска одржуваат итен самит во Брисел во обид да ги надминат разликите околу справувањето со глобалната криза.
Самитот е свикан откако францускиот претседател Никола Саркози вети дека ќе ја спаси француската автомобилска индустрија доколку не ги премести работните места надвор од Франција.
Францускиот потег предизвика стравувања дека државниот протекционизам може да ги разниша надежите за заздравување во ЕУ.
Лидерите на најлошо погодените земји исто така ќе се сретнат пред почетокот на самитот. Многу од новите ЕУ членки од источна и централна Европа се сведоци на уривање на нивните финансиски институции и економии.
Лидерите на девет од овие земји, меѓу кои се Унгарија и Латвија, се соочуваат со сериозни проблеми со ликвидноста и ќе се состанат пред да започне самитот. Се очекува тие да ја потенцираат нивната загриженост и да побараат поголема помош од побогатите нации во ЕУ, пренесува БиБиСи.
Меѓутоа, официјални лица не се оптимисти дека лидерите на ЕУ ќе донесат одлука во врска со повикот од Унгарија за 180 милијарди евра помош за централна и источна Европа.
Претседателот Саркози ги отфрли обвинувањата за протекционизам поради неговиот план од три милијарди евра за спас на автоиндустријата.
Чешкиот премиер Мирек Тополанек, кој во својство на претседавач со ЕУ го свика самитот, порача дека на Европа не и се потребни нови линии на поделба.„Не сакаме Европа поделена по линиите север – југ или исток – запад.
На денешниот самит не се очекуваат нови одлуки, а лидерите на ЕУ треба повторно да се сретнат кон крајот на месецов./крај/ббц/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.