Свет
Меркел го одби планот на источните членки на ЕУ
Германија ги одби апелите за единствен план за спас на источна Европа, вреден повеќе милијарди евра, дури и по повикот од Унгарија, лидерите на ЕУ да
Германија ги одби апелите за единствен план за спас на источна Европа, вреден повеќе милијарди евра, дури и по повикот од Унгарија, лидерите на ЕУ да не дозволат нова железна завеса да го подели континентот на богат и сиромав.
Брзиот и остар коментар од германската канцеларка Ангела Меркел ги потисна надежите дека лидерите на ЕУ на денешниот самит ќе успеат да изградат единствен став за справување со економската криза.
Како најголемa европска економија Германија е под притисок да го предводи спасувањето на источните членки на ЕУ, но Меркел порача дека инсистирањето на еден план за спас на сите не е мудро.
Меркел не се согласува со тврдењата дека ситуацијата е иста во сите централни и источни европски земји и додава дека не може „да се спореди“ очајната ситуација во Унгарија со ситуацијата во другите земји.
„На почетокот на 90 те повторно ја обединивме Европа. Сега предизвикот е дали ќе успееме да ја обединиме Европа финансиски“, рече унгарскиот премиер Ференц Ѓурчани
ЕУ нациите соочени со рецесијата која се продлабочува, дополнето со лошата состојба во кредитниот сектор се обидуваат да ги заштитат работните места и компаниите од странската конкуренција што е спротивно на темелите на Унијата – отворениот пазар.
Полскиот премиер Доналд Туск порача дека лидерите на девет централно – источни европски земји се против духот на протекционизам и егоизам.
Унгарија, Полска и трите балтички земји исто така бараат забрзан прием во еврозоната, што може да им обезбеди зацврстување на финансиската стабилност. Владата на Латвија веќе колабираше поради економскиот крах.
Чешкиот премиер Мирек Тополанек, кој во својство на претседавач со ЕУ го свика самитот, порача дека на Европа не и се потребни нови линии на поделба.„Не сакаме Европа поделена по линиите север – југ или исток – запад.
Предложените нацрт заклучоци од самитот повикуваат кон максимум напори отворениот пазар во ЕУ да стане мотор за обнова.
Чешка ја обвини Франција дека сака да ги спаси своите фабрики за автомобили на сметка на странските, а Германија претходно ги одби повиците за спас на економиите на Ирска, Грција и Португалија.
Некогаш експанзивните источно – европски економии се соочени со падови на националните валути и големи финансиски проблеми, а Унгарија која за нив побара 300 милијарди евра предупреди дека кризата може да доведе до политички немири, зголемување на имиграцијата и огромна невработеност./крај/ап/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.