Свет
Обама тајно и предложил соработка на Москва
Вашингтон би можел да отстапи од противракетниот штит во источна Европа ако Москва се приклучи кон притисоците врз Иран да отстапи од ракетите
Вашингтон би можел да отстапи од противракетниот штит во источна Европа ако Москва се приклучи кон притисоците врз Иран да отстапи од ракетите со голем домет.
Ова денеска го објави угледниот “Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори.
Весникот наведува дека Обама, во писмото врачено на Дмитриј Медведев пред три седмици, изјавил дека пресретнувачот на ракети не би им бил потребен на САД ако Иран го запре развојот на нуклеарното оружје.
Москва, за време на администрацијата на претседателот Џорџ Буш, остро се противеше на распоредување на американскиот противракетен штит во Европа, доживувајќи го како закана за Русија, а не за Иран, каква што беше аргументацијата на Вашингтон.
Неименуваните извори на кои се повикува “Њујорк тајмс“, објаснуваат дека предлогот не е изработен во форма на понуда туку како повик на Москва да ја прифати американската стратегија кон Иран.
Русија, која со Иран одржува воени, дипломатски и трговски врски, се противеше на тврдиот американски став кон Иран.
Американскиот весник пишува дека намерата на писмото била речиси ултимативна.
Москва се уште не одговорила, но шефот на руската дипломатија има намера за противракетната одбрана да разговара со американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Женева, в петок, а Обама и Медведев за прв пат треба да разговараат на 2 април, во Лондон./крај/он/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.