Свет
Обама: Клонирањето луѓе е опасно

Клонирањето луѓе е опасно, смета американскиот претседател Барак Обама
Клонирањето луѓе е опасно, смета американскиот претседател Барак Обама.
„Таквата идеја е опасна и во основа погрешна. САД нема никогаш да ја отвори вратата во таа насока“, изјави Обама за време на церемонијата за потпишување указ за укинување на забраната за истражувања на матични клетки од ембриони во САД.
Со ова Обама даде до знаење дека треба да се прави разлика помеѓу тој тип на истражување чија цел е создавање транспланти и клонирањето на целото човечко битие.
Забраната за истражувања на матичните клетки во 2001 година ја воведе поранешниот американски претседател Џорџ Буш. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Форбс“ повторно ја избрана Меркел за најмоќна жена во 2019

На листата на „Форбс“ за „Најмоќна жена во 2019 година“ е избарана германската канцеларка Ангела Меркел. Секоја година „Форбс“ креира листа, составена од највлијателните женски лидери во светот, од областа на бизнисот, политиката и забавата.
Меркел веќе деветта година по ред ја предводи листата на Форбас за најмоќна жена, а изданието ја пофали „нејзината челична резервираност, од тоа да се спротистави на Доналд Трамп, до тоа да дозволи влез на повеќе од милион сириски бегалци во Германија“.
На второ место на листата е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, која претходно беше директорка на Меѓународниот монетарен фонд. Зад неа е Ненси Пелоси, која е првата жена – претседателка на американскиот Конгрес од 2007 година.
Тинејџерката Грета Тунберг, која „Тајм“ ја прогласи за личност на годината, на листата на „Форбс“ е на 100. место.
Европа
„Дојче веле“: Орбан сака да владее вечно

Унгарскиот парламент усвои измени на закони и на деловникот со кои практично се замолчува опозицијата, пишува „Дојче Веле“, додавајќи дека Виктор Орбан е подготвен на сè, само за да не ја изгуби власта.
Како што се наведува, на унгарскиот премиер очигледно ништо не му е поважно од останувањето на власт, па затоа на изборен пораз гледа како на лична навреда.
По 13 години на власт, фактот дека тој ги загуби локалните избори во многу важни градови, вклучувајќи ја и Будимпешта, е доказ дека системот на Орбан, кој на сите начини е насочен против опозицијата, не е непобедлив, констатира германската медиумска куќа.
„Сега тој го возвраќа ударот со цел дополнително да се осигура против губењето на власта на национално ниво. Деновиве парламентот усвои нови законски одредби, а планирани се и други. Тие се движат од ограничувања за формирање на пратенички групи, преку поголема контрола во културниот сектор, до понатамошно намалување на даночниот суверенитет на општините“, пишува ДВ.
Во него се додава дека регулативата за наводно лошо однесување од страна на пратениците за време на седниците на Собранието беше особено драстична, а новите регулативи му дадоа на претседателот на парламентот толку голема моќ и моќ за финансиски санкции што опозицијата практично може да молчи.
Пред пет години, унгарскиот парламент го смени својот деловник и стана гласачка машинерија, додека опозицијата е само декорација, пишува ДВ и додава дека претседателот на парламентот Ласло Ковер не пропушта можноста да ги казни опозициските пратеници или новинарите кои известуваат за парламентарната работа.
Орбан постапуваше прилично умерено во последните неколку месеци и го избегнуваше бранувања на политичката сцена, бидејќи целеше на тоа за свој човек да обезбеди место на функцијата европски комесар за проширување. Ова место и дава на Унгарија многу простор во нејзината политика кон Западен Балкан и поддршката на авторитарните лидери од регионот, оценува германскиот медиум.
Како што се наведува во текстот, од денот кога Оливер Вархели е именуван за комесар за проширување, Орбан повторно „пука рафално“ – против американскиот милијардер Сорос, против граѓанското општество и опозицијата, против „декадентниот“ Запад, што покажува дека не треба да се развиваат илузии за промена на неговиот начин на владеење.
Свет
Продолжуваат протестите во Хонгконг

Илјадници луѓе се придружија на вечерните демонстрации во Хонгконг за да одбележат шест месеци откако започнаа протестите на приврзаниците на независноста.
Толпата извикуваше „Луѓе од Хонгконг, одмаздете се“, бесна поради реакцијата на полицијата која пушти солзавец и вршеше апсења.
Митингот наречен „Обединети ние стоиме“, според АП, беше организиран во услови на загриженост од некои демонстранти дека движењето слабее како што влегува во седмиот месец, додека владата не покажува знаци за правење дополнителни отстапки.
Протестот доаѓа во време кога владата се соочува со притисок да се согласи за независна истрага за полициското насилство што предизвика бес кај многу граѓани од оваа полуавтономна кинеска област.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми