Свет
Загинаа двајца новинари во Ирак
Ирачката државна телевизија синоќа јави дека двајца нејзини новинари се меѓу загинатите во самоубиствениот напад западно од Багдад, каде во понеделни
Ирачката државна телевизија синоќа јави дека двајца нејзини новинари се меѓу загинатите во самоубиствениот напад западно од Багдад, каде во понеделникот настрадаа 30 лица.
Управата на телевизијата ТВ Багдадија соопшти дека загинале новинарот Сухаиб Аднан (30) и снимателот Хајдер Хашим (27) во градот Абу Граиб.
Вкупно 11 ирачки новинари се убиени на задача во текот на 2008 година. /крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Драматична снимка од спасување во Минесота, маж беше заглавен во запален автомобил
Група луѓе успеале да скршат запален автомобил и да спасат маж заробен во возилото, а драматичниот момент на спасувањето во Минесота беше снимен.
На видеото се гледа група луѓе околу автомобил зафатен од пламен. Тие очајнички се обидуваат да ја отворат вратата пред некој да го скрши прозорецот на возачот и потоа да го повлече на безбедно.
Инцидентот се случил минатиот четврток околу 18 часот и 30 минути.
Властите соопштија дека хондата скршнала надесно и удрила во столб од светло, а потоа и во заштитна ограда пред да се запали, создавајќи чад и голем пожар.
Возачот потоа бил пренесен во болница, но не се здобил со сериозни повреди.
Европа
Евакуиран хотел во Рим поради отровни испарувања од базенот: пет лица отруени, затворени и околните улици
Најмалку пет лица се повредени во хотел во центарот на Рим кога дошло до испуштање штетни испарувања од базенот. Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.
Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.
Повредени се вработените во хотелот, а најмалку 35 лица се евакуирани.
Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи, кои биле на појадок.
Отровни испарувања доаѓале од бањата и велнес-центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.
Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања, биле затворени околните улици.
Регион
Додик повторно во Русија: Имаме притисок, но остануваме посветени на добрите односи со Москва
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, повторно отпатува во Русија за да ја изрази својата желба за зајакнување на односите со режимот на Владимир Путин, а денеска на средбата со шефот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, тоа го потврди. Додик отпатува за Санкт Петербург, каде што ќе учествува на меѓународниот безбедносен форум организиран од руските власти, а таму го однесе и министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, со чија партија е во коалиција на државно ниво.
Како што објави јавниот сервис на Република Српска (РТРС), Додик веднаш се сретнал со Патрушев, кој се смета дека е еден од најблиските соработници на Путин. Двајцата разговараа за соработката меѓу РС и Русија, а Патрушев особено ги пофали добрите лични односи меѓу Додик и Путин.
„Вашите одлични лични односи со претседателот на Русија, Владимир Путин, водат до одлични односи меѓу РС и Руската Федерација“, рече Патрушев на средбата додавајќи дека е свесен оти РС е под голем притисок поради тоа.
Додик одговори дека нема да го поколебаат притисоците.
„Ние сме под голем притисок, но остануваме посветени на добрите односи со Русија“, рече Додик.
Актуелниот претседател на РС, кој е под санкции на САД и Велика Британија, отпатува во Русија во време кога Босна и Херцеговина се соочува со сериозна политичка криза. Министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, во понеделникот предупреди дека односите во владејачката коалиција се најлоши досега.
Кризата беше предизвикана од барањето на Додик за укинување на техничките измени на изборниот закон, кои беа наметнати во март од високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, како и противењето на најавеното усвојување на резолуцијата во Обединетите нации, со која би се прогласил 11 јули како ден за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.
Поради оваа причина, Додик ги актуализира своите закани за независност на РС и тоа го стори во пресрет на заминувањето во Русија.
„Не можеме да живееме со оние што работат против нас. Време е секој да тргне по својот пат“, изјави вчера Додик.