Свет
Убиен напаѓачот на германското училиште
Напаѓачот кој денеска уби најмалку 15 луѓе,главно ученици во средно училиште во близина на Штутгарт,попладнево додека бегал е застрелан од полицијата
Напаѓачот кој денеска уби најмалку 15 луѓе, главно ученици во средно училиште во близина на Штутгарт, попладнево додека бегал е застрелан од полицијата.
Гермаските медиуми јавуваат дека момчето кое најверојатно е поранешен ученик во училиштето, е убиен на паркинг од локален тргов
ски центар, каде претходно успеал да убие две лица.
Додека бегал од училиштето каде уби најмалку 10 луѓе, маскираниот човек попатно застрелал и случаен минувач.
Познато е дека има повеќе повредени лица, од кои двајца се во сериозна состојба.
До инцидентот кој рано утрината се случи во германското гратче Виненден, во близина на Штутгарт, дојде кога момчето облечено во црна маскирна униформа, тивко влезе во гимназијата и без зборови почна да пука низ ходниците на училиштето.
Според полициски извори, родителите на детето дома легално чувале оружје, но за сега не е познато дали момчето го искористило истото. /крај/bild/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.