Контакт

Свет

Ватикан негира средба на папата со Обама

Објавено пред

Светата столица ја негираше информацијата за подготвување на средба на папата Бенедикт XVI со американскиот претседател Барак Обама

Светата столица ја негираше информацијата за подготвување на средба на папата Бенедикт XVI со американскиот претседател Барак Обама.

За таква средба имформираше претставникот на језуитите Томас Риз во интервју за италијанската телевизија РАИ Тре, појаснувајќи дека до средба би можело да дојде за време на посетата на Обама на Европа(31 март-5 април) на состанокот на врвот на Г20 во Лондон.

„Засега нема контакти од страна на претседателот на САД за срдба со папата“, изјави првиот човек на прес службата на ватикан, Федерико Ломбарди. /крај/бг/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Путин: Бројот на смртни случаи oд Ковид-19 во Русија е многу помал отколку во другите земји

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека бројот на смртни случаи кај лицата со Ковид 19 во Русија е многу помал отколку во другите земји, јави ТАСС.

„Бројот на смртни случаи во Русија на примерок од 100 000 пациенти со коронавирус е помал отколку во другите земји, вклучително и земји од ЕУ со развиени здравствени системи“, рече рускиот претседател.

Тој посочи дека бројот на новозаразени се стабилизира и не расте, а бројот на пациенти кои закрепнале расте од ден на ден.

Прикажи повеќе...

Свет

Британија не може да депортира турски гангстер зашто е оженет со државјанка на ЕУ

Објавено пред

Турски гангстер, уапсен откако неговите врските со организираниот криминал биле откриени со тајна полициска истрага, победи во двегодишна битка против депортација од Велика Британија затоа што е оженет со државјанка на ЕУ, пренесува британски „Сан“.

Судиите на Апелациониот суд ја блокирале депортацијата на турскиот мафијашки бос иако за него се смета дека е „сериозна закана за јавната безбедност“.

Гангстерот, идентификуван само како „г-дин А“ во извештаите поради чувствителната природа на случајот против неговите криминални активности, се вели дека бил вмешан во финансиски криминал, трговија со оружје и одмазднички напади.

Налогот за депортација против „г-дин А“ беше прифатен од Горниот трибунал на Комората за имиграција и азил, но како и многу странски криминалци и тој беше во можност да продолжи да се жали се додека не најде судии подготвени да му го дадат одговорот што го сакаше.

„Ги отфрлам основите 2 и 3 за жалбата, но, од причини дадени во затворената пресуда, ја прифаќам жалбата под основа 1 и го враќам случајот за повторно сослушување кај различно конституирана комисија на Горниот трибунал“, рече судијата Сер Стефан Ричардс.

Неуспехот да се депортира гангстер, кој живее отворено во заедницата, според „Телеграф“, делумно се припишува на фактот дека тој е оженет со државјанка на ЕУ, а  законите на ЕУ за слободно движење го прави исклучително тешко депортирањето државјани на ЕУ или поврзани со ЕУ.

„Не може да биде исправно бракот со државјанин на ЕУ да е поважен од фактот дека некој се смета за сериозна закана за јавната безбедност. Ова е уште една невообичаена одлука со која нашите врски со ЕУ значат дека сериозно непожелните криминалци се оставени на слобода во Велика Британија“, нагласи пратеникот од Ториевците, Тим Лостон, член на Комисијата за внатрешни работи.

„Нашиот приоритет секогаш ќе биде да ја чуваме британската јавност безбедна. Иако правните предизвици можат да ја фрустрираат непосредната депортација, странски криминалци не треба да се сомневаат во нашата решеност да ги отстраниме“, посочи портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија бара од ЕУ да воведе санкции против Русија поради хакерски напад

Објавено пред

Германската влада им предложи на земјите членки на Европската Унија да воведат санкции против Русија поради хакерскиот напад врз Бундестагот пред пет години.

Германската влада претпоставува дека едно лице од разузнавачката служба на руската армија, ГРУ, било вмешано во хакерскиот напад на ИТ-мрежата на Бундестагот во мај 2015 година.

Затоа владата им предложи на своите партнери од ЕУ воведување на заеднички санкции против Москва, јавува германската агенција dpa, повикувајќи се на одговорот што парламентарниот клуб на партијата „Левица“ го доби на барање на германската влада.

Германската влада ги поддржа предлозите за санкции против Русија со обилен пакет докази добиени од истражните тела и разузнавачки податоци, се вели во одговорот на германската влада пред парламентарниот клуб Левица.

Портпаролот на Европската Унија рече дека земјите членки можат да поднесат предлози за санкции, за кои потоа мора да се одлучува едногласно.

Германската канцеларка, своевремено, потпирајќи се на резултатите од истрагата, зборуваше за нечуено и скандалозно дело.

Портпаролот на парламентарниот клуб Левица за прашања од ЕУ, Андреј Ханко, смета дека воведувањето санкции е погрешен одговор на ваквите напади. Покрај тоа, тој верува дека може да биде подметната врската помеѓу Русија и хакерскиот напад.

Главното обвинителство во Карлсруе поднесе обвинение во почетокот на мај против рускиот државјанин Дмитри Бадин, кој е осомничен дека учествувал во нападот на ИТ-мрежата на Бундестагот како член на хакерска организација.

Во таа пригода се претпоставува дека голема количина податоци, првенствено е-пошта, биле пренесени на еден сервер во странство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа2 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ3 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ3 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија3 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион4 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион4 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет4 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет5 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион6 часа

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија6 часа

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија20 часа

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија20 часа

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ20 часа

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија21 час

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет24 часа

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ1 ден

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион1 ден

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ1 ден

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет1 ден

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Досие