Свет
САД: Кризата ќе се стабилизира во 2010
Економското закрепнување во САД би требало да започне на почетокот од наредната година, изјави претседателот на американската Централна банка
Економското закрепнување во САД би требало да започне на почетокот од наредната година, изјави претседателот на американската Централна банка Бен Бернанке.
“Рецесијата, најверојатно, ќе заврши оваа година, а закрепнувањето ќе се случи на почетокот од наредната година. Ова закрепнување, со време, ќе се забрза“, изјави шефот на Федералните резерви во своето прво телевизиско обраќање.
Ова е прв пат во последните 20 години еден актуелен шеф на Федералните резерви, најсилната централна банка на светот, да даде интервју за некоја телевизија.
Ваквиот чекор се толкува со сериозноста на ситуацијата и потребата на Централната банка да ја објасни оваа ситуација на пошироката јавност.
Бернанке изјави дека ситуацијата на пазарот на труд ќе продолжи да се влошува и оти стапката на невработеност ќе надмине 8,1 проценти, но сепак, дека постојат навестувања за подобрување на состојбата.
“Мислам дека ако успееме да го стабилизираме финансискиот систем, падот нема да биде така брз, по што ќе уследи стабилизација која ќе биде основа на закрепнувањето“, изјави Бернанке.
Тој, иако оцени дека САД го “избегнале ризикот“ од повторување на економската криза од 1929 година, призна дека светскиот финансиски систем, есента, бил “многу блиску“ до крах.
“Тоа беше многу опасна ситуација“, рече шефот на американските Федерални резерви./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.