Контакт

Свет

Откриен најмалиот диносаурус висок 50 см

Објавено пред

Мал диносаурус месојадец живеел на подрачјето на Северна Америка пред 75 милиони години, констатираа канадските палеонтолози врз основа на досега нај

Мал диносаурус месојадец живеел на подрачјето на Северна Америка пред 75 милиони години, констатираа канадските палеонтолози врз основа на досега најмалиот пронајден фосил.

Откритието на џуџестиот диносаурус, наречен Hesperonychus elisabethee, кој бил речиси за половина помал од денешната мачка, ја илустрира разноликоста на предисториските предатори, наведоа научниците.

„Hesperonychus е досега најмалиот диносаурус пронајден на подрачјето на Северна Америка“, потврди Ник Лонгрих, палеонтолог од одделот за биологија на Универзитетот во Калгари и еден од авторите на студијата објавена од американската Национална академија на науките (ПНАС).

Овој мал диносаурус бил тежок само два килограми и висок 50 антиметри.

„Откритието покажува колку нашето познавање е ограничено и ни дава да претпоставиме дека постоеле и помали диносауруси од него“, нагласи Лонгрих./крај/х/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Северна Кореја има развиено минијатурни нуклеарни уреди

Објавено пред

Северна Кореја продолжува да ја развива својата програма за нуклеарно оружје. Неколку земји веруваат дека има „веројатно развиени минијатурни нуклеарни уреди што можат да се вклопат во боевите глави на балистичките ракети“, се вели во доверливиот извештај на ООН.

Оние земји, кои во извештајот не се именувани, веруваат дека претходните шест севернокорејски нуклеарни тестови му помогнале на Пјонгјанг да развие минијатурни нуклеарни уреди. Пјонгјанг не спроведе нуклеарен тест од септември 2017 година.

Извештајот на независните експерти кои ги следат санкциите на САД, до кои Ројтерс имал пристап, е поднесен до Советот за безбедност на ООН.

„Демократската народна Република Кореја ја продолжува својата нуклеарна програма, вклучително и производство на високо збогатен ураниум и изградба на експериментален реактор за лесна вода. Една земја-членка проценува дека КДПК продолжува да произведува нуклеарно оружје“, се вели во извештајот.

Северна Кореја е предмет на санкции на ООН од 2006 година, поради нејзината нуклеарна и балистичка ракета програма.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп ја критикуваше советничката за коронавирус во Белата куќа: Отворете ги училиштата

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше советничката за коронавирус во Белата куќа Дебра Биркс бидејќи таа на националната телевизија изјави дека новото зголемување на бројот на заразени е екстремно распространето во руралните делови на земјата и градовите.

Трамп напиша на „Твитер“: „Во повеќето делови на земјата ситуацијата е многу добра. Отворете ги училиштата“.

Ден претходно, д-р Дебра Биркс, координатор на работната група за коронавирус во Белата куќа, за „Си-ен-ен“ изјави дека САД се наоѓаат во нова фаза.

„Она што го гледаме денес е различно од ситуацијата во март или април. Сите што живеат во руралните области треба да знаат: не сте имуни или заштитени од овој вирус“, рече Биркс, пренесува „Гласот на Америка“.

Таа рече дека патувала во 14 земји во последните три недели и дека е загрижена за некои работи што ги видела.

Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом, која ја контролираат демократите, за телевизијата „Еј-би-си“ изјави дека не верува во претходните процени на Биркс, направени пред неколку недели, дека вирусот се повлекува во САД пред новиот скок на бројот на случаи во средината на јуни.

„Мислам дека претседателот шири дезинформации за вирусот и таа е именувана од него, така што немам доверба“, рече Пелоси во програмата „This Week“.

Трамп напиша на „Твитер“: „Лудата Ненси Пелоси кажа страшни работи за д-р Дебра Биркс, таа ја критикуваше затоа што е премногу позитивна во однос на многу добра работа што ја работиме во борбата против кинескиот вирус, вклучувајќи ги и вакцините и лековите. За да и одговори на Ненси, Дебра ја проголта мамката и нè критикуваше. Патетично!“

Прикажи повеќе...

Свет

Залутан куршум усмрти 12-годишно девојче во Шведска

Објавено пред

Поради смртта на 12-годишно девојче, кое настрада кога ја погоди залутан куршум, во Шведска повторно е отворена расправата заа сузбивање на насилството меѓу локалните банди.

Според информациите на медиумите, неименувано девојче е убиено во неделата за време на пукотници, до кои дошло покрај бензиска пумпа.

Истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет53 минути

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа“ поради затворањето на училиштата во...

Свет1 час

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирус ја завршил својата мисија во Кина...

Европа2 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија2 часа

Напладне конститутивна седница на новиот парламентарен состав

Денеска напладне треба да се одржи конститутивна седница на новиот парламентарен состав по предвремените избори, кои се одржаа на 15...

Македонија14 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион14 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија15 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ17 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија18 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија18 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет19 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија20 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет21 час

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија22 часа

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет23 часа

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет24 часа

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет24 часа

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет1 ден

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет1 ден

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус,...

Свет1 ден

Американски и британски фармери добиваат мистериозни пакети со семиња од Кина

Фармери во Велика Британија и САД веќе некое време примаат чудни пакувања со семиња од Кина во пошта што не...

Досие