Свет
ЕУ: Заштита од дискриминација
Европскиот нацрт-закон за забрана на дискриминација е одобрен во Комитетот за граѓански слободи во Европскиот парламент, објавено е во Брисел
Европскиот нацрт-закон за забрана на дискриминација е одобрен во Комитетот за граѓански слободи во Европскиот парламент, објавено е во Брисел.
Нацрт-законот за забрана на дискриминација во областа на образование, социјалната заштита, здравственото осигурување и во секторот на услуги, е изгласан во Комитетот со 34 гласови “за“, седум “против“ и четири “воздржани“.
Законот забранува дискриминација врз основа на години, инвалидитет, сексуална определеност, вера или религија во наведените области.
Европската унија (ЕУ) од 2000 година ја забрани оваа форма на дискриминација на работното место, но тоа не ја опфати и правната заштита во областа на јавните служби, куппување на производи или користење на комерцијални услуги.
Предлогот го поднесе Европската комисија (ЕК) минатиот јули, а нацрт-законот ќе биде ставен на гласање пред Парламентот на 1 или 2 април.
Новиот документ ги забранува овие облици на дискриминација во согласност со постоечките закони против расните и етнички предрасуди и обврската за еднаков однос кон мажите и жените./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.