Контакт

Свет

ООН бара помош за сиромашните

Објавено пред

Повик до државите од Групата 20 да им дадат поддршка на сиромашните држави на самитот наредната недела, упати генералниот секретар на ООН

Повик до државите од Групата 20 да им дадат поддршка на сиромашните држави на самитот наредната недела, упати генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун.

Бан изрази ставување дека економската криза може во значителна мерка да ги дестабилизира сиромашните држави.

Генералниот секретар, по средбата со британскиот премиер Гордон Браун, изјави дека ќе мора да се дискутира за точната сума што ќе се оддели.

Според претставник на ООН, целта на планираниот пакет-помош е спречување на избивање немири во сиромашните држави./крај/ме/ис



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Колона од возила – илјадници Албанци се обидуваат да влезат во Грција

Објавено пред

Неколку илјади Албанци кои работат во Грција, заглавија денеска на границата меѓу двете земји.

Тие се обидуваат да ја преминат границата пред да стапи на сила мерката, според која сите кои влегуваат во Грција мораат да имаат негативен тест на ковид-19, соопшти албанската полиција.

Колона долга неколку километри, во која има околу 4.000 возила, е формирана на граничниот премин Какавиа, во јужна Албанија.

Од утре во Грција од Албанија ќе можат да влезат најмногу 750 луѓе дневно.

Тие ќе мораат да имаат негативен тест на ковид-19, кој не смее да биде постар од 72 часа, а по влезот во Грција ги чека седумдневна изолација.

Новите правила Грција ги воведе откако беше забележан зголемен пораст на бројот на заразени.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ со зелено светло за санкции против Белорусија

Објавено пред

Европската унија дала „зелено светло за санкционирање на репресијата во Белорусија“, изјавиле европски извори за Франс прес.

„Министрите за надворешни работи се согласија да ја санкционираат репресијата и ќе се направи список со имиња“, додале истите извори.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, неодамна изјави дека ЕУ темелно ќе ги разгледа односите со Белорусија и оцени дека претседателските избори во таа земја не биле ниту слободни, ниту фер.

Во 2004 година, ЕУ воведе ембарго за оружје за Белорусија и санкции за оние за кои се тврдеше дека се поврзани со исчезнувањето на противниците на долгогодишниот белоруски претседател, Александар Лукашенко.

Во следните години, ЕУ воведе дополнителни мерки против бројни лица и организации, но повеќето санкции беа олеснети во 2016 година, кога Лукашенко ослободи група на политички затвореници.

Во Белорусија на 9 август се одржаа претседателски избори, а сегашниот претседател Александар Лукашенко обезбеди нов мандат со над 80 проценти од гласовите, додека неговиот главен ривал, Светлана Тихановскаја, доби 10,09 проценти од поддршката на гласачите.

Резултатите од изборите во јавноста покренаа многу прашања и сомнежи за регуларноста и предизвикаа повеќедневни насилства и протести.

Тихановскаја, која првично одби да ги признае резултатите од гласањето, замина во Литванија и ги повика поддржувачите да престанат со демонстрациите.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Грција јавните собири ограничени на 50 луѓе

Објавено пред

Грција од денеска воведе привремена забрана за собирање на повеќе од 50 лица на јавни места, а рестораните и баровите во Атина и во други градови мора да бидат затворени до полноќ за да се спречи зголемувањето на бројот на лица заболени од Ковид-19.

Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас рече дека ограничувањето на јавните собири ќе биде на сила до 24 август, и дека е воведено во делови од земјата каде се зголемува бројот на заразени лица.

Претходно, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги замоли младите да носат маски, потсетувајќи ги дека не се имуни на новиот вирус и дека можат да ги заразат нивните семејства.

Мицотакис истакна дека неодамнешните податоци покажале оти болеста Ковид-19 започнала да се шири кај помладата популација и ги замоли оние што се враќаат од одмор во поголемите урбани центри да носат маски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион31 минута

Колона од возила – илјадници Албанци се обидуваат да влезат во Грција

Неколку илјади Албанци кои работат во Грција, заглавија денеска на границата меѓу двете земји. Тие се обидуваат да ја преминат...

Македонија57 минути

Од денеска задолжителен ПСР тест за влез во Србија

Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе...

Македонија14 часа

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија17 часа

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија18 часа

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија19 часа

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија20 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Топ22 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ23 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија1 ден

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија1 ден

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ1 ден

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет1 ден

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 ден

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет1 ден

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет2 дена

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет2 дена

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа2 дена

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија2 дена

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија2 дена

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Досие