Свет
Баросо: Наредната година уште потешка
Состојбата на пазарот на труд во Европската унија (ЕУ), наредната година, би можела уште повеќе да се влоши, изјави синоќа во Брисел претседателот
Состојбата на пазарот на труд во Европската унија (ЕУ), наредната година, би можела уште повеќе да се влоши, изјави синоќа во Брисел претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо.
Според него, порастот на невработеноста е една од причините поради која се верува дека поддршката за побарувачка може да биде еден од начините на борба против невработеноста.
Баросо, неодамна, изјави дека во Унијата, поради кризата во 2010 година, стапката на невработеност би можела да достигне дури 10 проценти.
Стапката на невработеност, во ЕУ во јануари, се зголеми на 7,6 проценти во однос на истиот месец лани, кога изнесуваше 6,8 проценти.
Бројот на лица без работа е зголемен за 2,2 милиони.
Невработеноста се зголемува речиси во сите држави-членки на ЕУ, а поради слабеење на економските активности, состојбата уште повеќе би можела да се влоши./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија и Украина договорија размена на децата одвоени од нивните семејства за време на војната
Руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова денеска изјави дека Русија и Украина се договориле за размена на децата кои биле одвоени од нивните родители за време на конфликтот меѓу двете земји.
Преговорите за размената се водеа со посредство на Катар, при што беше договорено Москва да прими 19 деца и 29 од нив да испрати во Украина, пишува РТ.
Белова изјавила дека владата на Катар го следи списокот на деца кои ќе бидат разменети, како и дека ова е прво преговарање во живо меѓу Москва и Киев од почетокот на војната, пренесува Танјуг.
Свет
Маж киднапирал и сексуално злоставувал деветгодишно девојче во Лондон
56-годишен маж е обвинет за киднапирање и сексуално злоставување на деветгодишно девојче во Најтсбриџ, централен Лондон, пишува „Sky News“.
Имено, исчезнувањето на деветгодишното девојче било пријавено завчера, а мажот бил уапсен откако полицијата го запрела во западниот дел на градот.
Во тој момент со него било и малото девојче.
Се сомнева дека мажот се обидел да ја зашемети за да може сексуално да ја злоупотребува.
Тој се наоѓа во притвор и се очекува да се појави на суд на 22 мај.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.