Свет
Пад на инвестициите при купување бизнис простор
Инвестициите при купување на бизнис простор опаднале во земјите на Европската унија(ЕУ) за 11,5 милијарди евра во првите три месеци на 2009. година
Инвестициите при купување на бизнис простор опаднале во земјите на Европската унија(ЕУ) за 11,5 милијарди евра во првите три месеци на 2009. година, што е за 44 отсто помалку од последниот квартал на 2008.
Најголемата светска консултантска куќа за недвижнини ЦБ Ричард Елис(ЦБРЕ), вчера објави дека купувачите на недвижнини во Европа сè уште ги чувствуваат последиците од колапсот на кредитниот систем и инвестициите на американската банка Леман Брадерс.
Во само шест од 26 европски држави што ги покрива ЦБРЕ, е забележан пораст на инвестициските активности во првиот квартал оваа година. Станува збор за белгија, Луксембург, Норвешка, Романија, Словачка и Украина.
Во Велика Британија е забележан пад на трансакциите за 22 отсто, но британскиот удел на европските пазари на недвижнини пораснал за 37 отсто.
Ефектите на пропаѓање на леман Брадерс се дополнително зголемени бидејќи германските власти решија да го спречат повлекувањето на доверителите од банките гарантирајќи им депозит од 100 отсто, со што купишта пари се прелеаја во фондовите за недвижнини. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.