Свет
Уапсен грабнувачот на канадскиот авион
Полицијата на Јамајка денеска го уапси киднаперот на канадскиот авион, јавуваат медиумите
Полицијата на Јамајка денеска го уапси киднаперот на канадскиот авион, јавуваат медиумите.
Вооружен маж, опишан како ментално болно момче, на аеродромот Сангстер на Јамајка во неделата вечер киднапирал канадски авион и држеше шестмина членови на екипажот како заложници, откако претходно ги ослободи сите патници.
Авионот од типот Боинг 737 на канадската компанија КанЏет летал од Халифакс, во Канада и требало од Монтего Беј да продолжи за Санта Клара, на Куба.
Во авионот имало 174 патници и осуммина членови на екипажот, кои по кратко време од киднапирањето, заедно со уште двајца членови на екипажот, биле ослободени. /крај/цнн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Дел од вулкан се заканува да се урне и да предизвика цунами: во тек голема евакуација во Индонезија
Жителите што живеат на индонезискиот остров Сулавеси денеска се евакуирани поради опасност од ширење пепел, исфрлање карпи, жежок вулкански облак и потенцијално цунами, пренесе АП.
Властите наредија повеќе од 11.000 луѓе да ги напуштат своите домови, но досега тоа го направиле само околу 1.000 луѓе.
Indonesia volcano erupts, prompting local evacuations
📹: FRANCE 24 English
💻: Tan Wee Guan
🎶: Envato#borneobulletin #southeastasia #asean #sulawesi #Indonesia #mountruang #volcano #erupts #prompting #local #evacuations #video #viral pic.twitter.com/ytfqTkjqKm— Borneo Bulletin (@borneo_bulletin) April 19, 2024
Меѓународниот аеродром во градот Манадо, кој се наоѓа на помалку од 100 километри од вулканот Маунт Руанг, останува затворен поради вулканската пепел во воздухот.
Сателитските снимки од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика покажуваат дека пепелта се проширила на запад, северозапад, североисток и на југоисток покривајќи ги Манадо и Северна Минахаса.
„Продолжуваме да го следиме развојот на ситуацијата по ерупцијата на Руанг и работиме во координација со релевантните актери со цел да се предвидат активности за да се овозможат безбедност и удобност во воздушниот сообраќај“, рече шефот на регионалниот аеродром.
🕵️♂️#Indonesia is on alert for more eruptions of remote 🌋 volcano. pic.twitter.com/A5hO49fPBX
— talk•time (@zoominfire2) April 19, 2024
Официјалните лица стравуваат дека дел од вулканот може да падне во морето и да предизвика цунами, што се случи за време на ерупцијата на тој вулкан во 1871 година.
Во средата Маунт Руанг имаше најмалку пет силни ерупции, што го натера Центарот за вулканологија и процена на геолошкиот ризик да издаде највисоко ниво на тревога.
На граѓаните им беше кажано да останат најмалку шест километри подалеку од вулканот висок 725 метри.
Индонезија, архипелаг од острови, дом на приближно 270 милиони луѓе, има 120 активни вулкани.
Свет
Се истражува случајот со жената што донесе мртовец во банка за да подигне кредит, стинаа резултатите од обдукцијата
Бразилската полиција уапси жена осомничена дека донела во банка мртов маж за кој велела дека ѝ е вујко за да подигне кредит.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката „Итау“ во Рио де Жанеиро му ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и се обидува да му стави пенкало во раката.
Од полицијата рекоа дека осомничената се обидувала да земе кредит во износ од 3.000 долари, кој банката веќе ѝ го одобрила, но било потребно одобрение и од вујкото. Мажот од видеото не реагирал на барањата на жената. Додека се обидувала да му го даде пенкалото, неговата рака се спуштала, а главата му паѓала назад, пишува Си-ен-ен.
„Вујко, слушаш, мораш да потпишеш. Ако не потпишеш, нема шанси. Не можам да потпишам јас, мораш ти. Ајде не прави проблем, направи го тоа“, се слуша како му вели жената. Еден од вработените во банката во тој момент рекол дека постарата личност, најверојатно, не се чувствува добро.
Шефот на цивилната полиција во Рио де Жанеиро, Фабио Луис Соуза, изјави дека вработените во банката потоа решиле да повикаат брза помош. Кога пристигнале болничарите, утврдиле дека човекот бил мртов неколку часа. Полицијата води истрага и се обидува да утврди каква е точно поврзаноста на осомничената и починатиот маж, а засега не е поведено обвинение.
Адвокатот на семејството го демантира полицискиот извештај:
„Работите не испаднаа така. Човекот беше донесен жив во банката. Мојата клиентка е целосно потресена, зема лекови“, рече тој.
Обдукцијата откри нови детали
Бразилскиот медиум „Метрополес“ добил извештај од обдукцијата што укажува дека смртта на мажот била предизвикана од бронхоаспирација и срцева слабост. Утврдено е и дека бил неисхранет.
„Таквите податоци ги потврдуваат некроскопските наоди за неисхранетост и бронхоаспирација. Претходните срцеви заболувања исто така придонеле за смртта“, се вели во извештајот.
Судскиот совет ги чека резултатите од дополнителното испитување за да се утврди дали мажот бил отруен.
„Бизнис-инсајдер“ известува дека експертот што ја потпишал прелиминарната форензичка анализа заклучил дека нема доволно докази за да се заклучи дали Пауло починал на пат кон или внатре во банката или, пак, починал пред тоа.
Меѓутоа, обдукцијата покажала дека згрутчувањето на крвта во неговиот врат сугерирало дека тој умрел легнат.
Адвокатот и натаму тврди дека неговата клиентка е невина, а нагласува и дека има сведоци. Истрагата продолжува.
Свет
ЕУ и Кина повикаа на воздржаност на Блискиот Исток
Кина објави дека се противи на каква било ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
„Кина се противи на какви било активности што би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите“, изјави денеска Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Реагираше и со претседатката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
Таа ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни активности“, рече Урсула фон дер Лајен.
Претходно утрово, светските медиуми објавија дека Израел го нападнал Иран и дека се слушнале три експлозии во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Сепак, засега нема официјални информации од двете држави за тоа што се случувало.