Свет
Мексико – Од свински грип умреле 149 лица, училиштата затворени
Министерот за здравство на Мексико Хозе Анхел Кордова денеска соопшти дека од свински грип во земјата починале 149 лица
Министерот за здравство на Мексико Хозе Анхел Кордова денеска соопшти дека од свински грип во земјата починале 149 лица.
Тој додаде дека до сега е потврдено дека 20 луѓе умреле од тешката заразна болест и дека се чекаат тестовите од останатите жртви.
Според Кордова, сомнителни смртни случаи се регистрирани во 10 мексикански држави.
Владата на Мексико најави затворање на училиштата ширум земјата до 6. мај, поради опасност од ширење на болеста.
Кордова рече дека од 13. април, кога е забележан првиот случај на болеста, се хоспитализирани 1.995 лица со симптоми на тешко запаление на белите дробови, од кои 1.070 се пуштени дома. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес
Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес од државата Конектикат и поранешен кандидат за потпретседател на САД, почина во средата на 82-годишна возраст.
Семејството на политичарот соопшти дека Либерман починал поради компликации предизвикани од падот, пренесува американскиот портал Политико.
Тој беше првиот еврејски кандидат на гласачкото ливче на големите американски партии, во 2000 година со претседателскиот кандидат Ал Гор.
Едно од неговите најголеми наследства е учеството во формирањето на Министерството за внатрешна безбедност по терористичките напади од 11 септември 2001 година.
Подоцна, во 2004 година, тој неуспешно се обиде да стане претседателски кандидат на Демократската партија, бидејќи демократите го сметаа за „премногу близок со републиканците“, според Политико.
Од политиката се повлече во 2012 година, а последен пат се врати во 2023 година како претставник на организацијата „Без етикети“, која на Американците требаше да им обезбеди трета опција, покрај Републиканската и Демократската партија.
Свет
Дупка од 10 метри голтна автомобили во Рим, полицијата ја затвори улицата
Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобили среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.
Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила, Дачија и Рено, завршиле во дупка, пренесува Телеграф.
Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.
Се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.
Не се знае дали има повредени во инцидентот.
Свет
Ниту блиски пријатели не знаеја за дијагнозата на Кејт Мидлтон: Тоа беше огромен шок
Минатата недела британската принцеза Кејт Мидлтон го шокираше светот со објавата дека има рак, а се чини дека ниту нејзините блиски пријатели не знаеле ништо за нејзината здравствена состојба.
„Тоа беше огромен шок. Само многу тесен круг на луѓе знаеја што се случува”, изјави неименуван пријател на принцезата за „People“.
Во видеото кое го шокираше светот на 22 март, принцезата Кејт откри дека и бил дијагностициран рак и дека е на хемотерапија. Кејт зборуваше за тоа како дијагнозата првично била чувана во тајност за „благосостојбата на нивното младо семејство“, а гласот и „пукнал“ кога ги спомнала своите деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
„Добро сум и секој ден станувам посилна со тоа што се фокусирам на работите кои ќе ми помогнат да заздравам – во мојот ум, тело и дух. Во овој момент мислам на сите оние чии животи биле погодени од рак. На сите кои се справуваат со оваа болест, во која било форма, ве молиме да не губат верба и надеж. Не сте сами“, вели таа во видеото.
Зад сцената, принцезата од Велс презеде чекори за да му даде приоритет на своето здравје, но таа не беше во целосна изолација. И таа и принцот Вилијам беа видени на спортски настани во последниве недели – на 16 март, парот беше фотографиран заедно како трчаат во фармата во Виндзор.
„Многу е важно да се забавуваат заедно кога можат. Станува збор за нејзиното чувство на поддршка. Воопшто не се чувствува изолирано”, рекол семеен пријател.
Во деновите по објавата на Кејт, таа и Вилијам се фокусираа на своите деца, кои моментално се на велигденски празници. Петчленото семејство ќе ја прескокне традицијата и нема да присуствува на кралската велигденска служба во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор и наместо тоа ќе го помине долгиот викенд приватно дома.