Свет
СЗО: Четврт степен на тревога

Светската здравствена организација (СЗО) го подигна нивото на мобилност, од трет на четврти степен на тревога поради можна пандемија на свински грип
Светската здравствена организација (СЗО) го подигна нивото на мобилност, од трет на четврти степен на тревога поради можна пандемија на свински грип.
Вршителот на должност заменик-генерален директор на СЗО Кеиџи Фукуда изјави дека оваа одлука е донесена на состанокот на комитетот за итни случаи, поради потврдениот пораст на бројот на заболени од свински грип.
Подигнување на нивото на тревога на четврт степен означува дека СЗО ја потврдува епидемијата во ограничен број на области, дека веројатноста од појава на пандемија се зголемува, но оти пандемијата не е неизбежна, јавуваат светските агенции.
Нивото на тревога пет значи дека СЗО признава оти епидемијата зафатила многу поширока област.
Оваа организација не препорачува затворање на границите или ограничување на патувањата, но ги повикува сите држави зајакнато да се подготвуваат за евентуална пандемија на грип.
Веројатниот број на починати како последица на свинскиот грип во Мексико се искачи меѓу 149 и 152 лица, соопшти изутрината мексиканскиот министер за здравство Хозе Анхел Кордоба.
Претходно тој за прв пат соопшти дека можеби има знаци на забавување на ширењето на епидемијата, наведувајќи дека бројот на починати се намалил од шестмина во саботата на петмина во неделата и тројца во понеделникот.
Властите во Нов Зеланд соопштија дека тестираат 56 потенцијални случаи на заболени од свински грип, лица кои неодамна се вратиле од Мексико и САД.
Во Швајцарија, патнички воз синоќа беше сопрен, а патниците евакуирани, откако се скршил специјален контејнер во кои имало тестови со вирус на свинскиот грип.
Контејнерот со тројна обвивка од пластмаса и картон содржел тестови од животни, кои не можеле да бидат заразни за луѓето../крај/ме/ис/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Потпретседателката на Европската комисија смета дека интернетот троши премногу струја

Интернетот троши многу струја, нагласи потпретседателката на Европската комисија, Маргарет Вестагер, укажувајќи на негативните ефекти од оваа потрошувачка врз климата на Земјата.
Понатамошната дигитализација ќе бара уште повеќе струја, вели данската политичарка во интервју за медиумската групација „Функе“.
„Стримингот на филмови троши многу електрична енергија. Имено, замислете за момент колку трошоци се прават за климатизација на сервисните центри на овие платформи“, додава Вестагер.
Тоа ќе биде огромен предизвик за зацртаната климатска неутралност која земјите на ЕУ се договорија да ја постигнат до 2050 година, смета функционерката.
„Ќе мора да развиеме технологии за да ја минимизираме потрошувачката на енергија и да ја подобриме енергетската ефикасност“, смета таа, осврнувајќи се притоа на новата еколошка програма на блокот.
Низ целиот свет, платформите како „Нетфликс“ и „Јутјуб“ и услугите за видео-конференции како „Скајп“ трошат 200 милијарди киловат-часови електрична енергија на годишно ниво, според податоците објавени од германската компанија „Еон“.
Европа
Ниту Џонсон не верувал во победата, па морале да нарачаaт уште 50 шишиња вино за да го прослават големиот успех

Тимот на британскиот премиер Борис Џонсон сè уште е во славеничка атмосфера откако Конзервативната партија извојува голема изборна победа, освојувајќи мнозинство во парламентот.
Исходот од изборите бил толку неочекуван што тие морале да нарачаат дополнителни 50 шишиња вино бидејќи Џонсон освоил повеќе места во парламентот отколку што очекувале, објави британски „Сан“.
До такво сознание се дошло кога се појавиле фотографии од прославата, откако бројките на гласањето во четвртокот навечер ја посочиле неговата јасна победа.
Џонсон и неговата Конзервативна партија го освоија мнозинството во парламентот и добија дури 365 места.
Свет
(Видео) Австралиските пожарникари предупредуваат на голем пожар пред најновиот топлотен бран

Австралиските пожарникари предупредуваат за можен голем пожар во период кога напорите за справување со повеќе од 100 пожари во Нов Јужен Велс спектакуларно пропаднаа. Огнот се прошири преку линијата на одбрана, а земјата се подготвува за својот веројатно најжежок ден во историјата, пренесува Раша тудеј.
Најмалку 20 куќи се уништени недалеку од Сиднеј, над 400.000 хектари се изгорени, а пожарот се движи кон Сините Планини, популарна туристичка дестинација западно од градот.
Video footage shows a bushfire moving from treetop to treetop in a phenomenon known as ‘crowning,’ in Australia’s Blue Mountains pic.twitter.com/VSwAww0quT
— Reuters (@Reuters) December 15, 2019
Жителите се подготвуваат за уште поекстремни температури оваа недела, бидејќи се предвидува историски жешко време. Ова е голем проблем за пожарникарите кои веќе се борат со огромен број пожари во очекување на екстремните температури. Снимките од Сиднеј покажуваат сериозна загаденост на воздухот од пожарите.
Властите се обидоа да ги искористат пониските температури за да предизвикаат „контролиран пожар“ т.е. мали пожари за отстранување на вегетацијата пред главните пожари и на тој начин да го запрат нивното ширење, но се чини дека тактиката не успеа бидејќи екипите изгубија контрола врз нив, а пламенот се шири подалеку од линиите за одбрана, достигнувајќи дури 70 метри височина.
„Во овие услови на суша што и да се обидуваме не помага“, рече заменик-комесарот на Руралната противпожарна служба на Нов Јужен Велс, Роб Роџерс.
Emergency Warning for Gospers Mountain fire. Fire activity & smoke increasing. People in Wallerawang, Lidsdale & Blackmans Flat area should seek shelter as fire approaches. #nswrfs #nswfires pic.twitter.com/ueYLY6rgGw
— NSW RFS (@NSWRFS) December 16, 2019
Претстојниот топлотен бран може да доведе до најжешкиот ден во пишаната историја на Австралија, надминувајќи го сегашниот рекорд од 50,7 степени Целзиусови, поставен во 1960 година.
Од септември досега во пожарите загинаа шест лица, а повеќе од 700 домови се уништени, додека градовите се гушат во штетниот чад од пожарите. Квалитетот на воздухот во Сиднеј сега е полош од Пекинг и Њу Делхи.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде